„Бев загрижена за моето 7-годишно дете бидејќи непријатно мирисаше и мислев дека сум единствената“ – оваа мајка сака да знае како да разговара со својата млада ќерка за она што се случува без да ѝ каже дека нешто не е во ред со нејзиното тело. „Напорно работев за нежно да ѝ пристапам и да ѝ дадам до знаење дека треба да користи дезодоранс“, раскажува мајка.

Но, како родителите да се справат со овој предизвик и како да ги советуваат децата за водењето на личната хигиена?

Што велат експертите: – Прво, нема некои утврдени правила за периодот кога децата почнуваат да ги искусуваат првите знаци на пубертет. „Секое дете е различно и сечија траекторија на пубертетот е различна“, вели д-р Елизабет Алдерман, директор на одделот за адолесцентна медицина во Детската болница во Монтефиоре, Њујорк. Генерално, пубертетот започнува на возраст од 8 до 13 години за девојчиња, а од 9 до 14 за момчиња. Но, некои деца искусуваат знаци пред да дојдат до таа возраст. Па ако сте загрижени дека детето е премногу младо за да влезе во пубертет, разговарајте со педијатарот кој би ве посочил и би ви објаснил што се случува. Има некои докази дека пубертетот започнува и порано отколку што тоа било случај во минатото, особено кај девојчињата, но причините сè уште не се доволно јасни. Истражувањата се концентрираат на влијанието од изложување на одредени хемикалии и други фактори од животната средина, но сè уште нема цврсти докази на таа тема во овој момент.

Родителите не треба да се информираат за овие работи само поради можни здравствени скриени проблеми кај децата, д-р Алдерман препорачува родителите да се обраќаат почесто кај педијатрите за да добијат насоки за тоа како да му помогнат на детето додека поминува низ тој процес на промени. Родителите треба да зборуваат за пубертетот со децата – некаде од 10-годишна возраст, а можеби и порано.

Како да се разговара?

Бидете едноставни и дајте му на детето можност да ви каже што мисли дека знае за целиот процес. „Ми изгледа дека твоето тело се менува. Што е она што го забележуваш?“, прашајте го детето. Бидете јасни дека сте отворени за разговор за она што детето го искусува. Ако детето е засрамено, обидете се со друга тактика, па кажете му: „Ова може да биде едностран разговор, а ако не можеш ништо да кажеш, во ред е. Се случува ова и ова…“ Уверете го детето дека и вие сте поминале низ тие промени во пубертетот и бидете позитивни. „Ова беше очекувано!“, кажете му на детето.

Алисон Мос, креатор на дезодоранс, изјавила дека постојано слуша од родителите чии деца почнуваат да развиваат непријатна миризба дека тоа се случува порано отколку што очекувале. Таа вели дека е против испраќање порака дека потта е лоша. Наместо тоа, треба да се постави прашање како да се постапи за нашите тела постојано да бидат свежи.

Но, бидете истрајни. Можеби ќе треба да го потсетувате детето за водењето хигиена и користењето дезодоранс, особено ако е помладо. „Многу од навиките ги развиваме како деца… па потоа продолжуваат и во возрасниот живот“, вели Мос. Ако детето навистина се спротивставува на тоа да стави дезодоранс, или едноставно заборава, Алдерман вели дека не треба од тоа да правите расправија. „Ако забележите дека детето се поти, а сте зборувале за туширање и користење дезодоранс и тоа сè уште не се навикнало на применување на практиките, не е крајот на светот. Не откажувајте се, туку обидете се повторно. Овие разговори се важни. Родителите треба да бидат првиот извор на информации за пубертетот и телесните промени за децата, бидејќи тие рани разговори имаат најголемо влијание“, вели Алдерман.

Не може сè да се смени од 10 минути разговор. Целта е да се изгради стабилна рамка на рана возраст, па кога ќе дојде до вистинските проблеми, да има основа за отворање на темите и давање насоки.

Автор: Кетрин Пирсон

Извор



912

X