Првата насмевка. Првата храна. Првото запче. Првото потстрижување на косата. Првите чекори.

Секој клучен момент во Книгата за бебиња на мојот син е пополнет. Датумите се обележани, фотографиите се направени, а јас ги вреднувам тие моменти. Специјални се, се разбира, и веројатно се оние нешта за кои ќе прашува кога ќе порасне. Но, како што се чини, ваквите мали моменти што брзо поминуваат се најзначајни за мене.

За жал, не успевам баш да ги запишам тие мали моменти. Се случуваа, а јас паузирав, тонејќи во блажината и обидот да ги зачувам во моите спомени. Но, бидејќи немаше соодветно место во неговата книга за првата експресија на симпатија, не го запишав тој момент. Само оставив да се случи и потоа сето тоа остана во сеќавање.

Ова се навистина моменти вредни за паметење. Кој се грижи за забите? Тие секако ќе излезат. Па, решив да ги пополнам линиите во книгата и да создадам  дневник. Таму може да се забележи вистинската магија. Како оној пат кога моето дете ме виде дека плачам и на тоа реагираше со утешителна прегратка и „шшш“. Виде болка во мене и се грижеше. Беше наведен да даде утеха. А неговата прегратка беше мелем за мојата душа. Неговиот шепот ме смири, а марамчето што го понуди ми ги избриша солзите.

Потоа, пред некоја вечер, тој беше во мојата прегратка додека се нишавме на столот и си ја пеевме нашата специјална песна за добра ноќ. Потоа, пред да заспие, тој посегна по мојата рака. Мал гест која вели: „Мамо, те гледам. Ти си моето сè. Знам дека сум безбеден со тебе“. И јас го чувствував истото.

Се случиле многу вакви нешта. Ваквите апстрактни, совршени важни моменти.

Сега кога сум свесна за нив, ги гледам ваквите моменти речиси секој ден. Како кога првпат виде како паѓа град низ прозорецот и со воодушевување го нарече „парчиња снег“. Неговите очи беа широко отворени и само зјапаше. Никогаш не видел нешто толку големо и гласно да паѓа од небото. Искрено, би сакала и јас да можам да ја доживеам природата толку длабоко. Благодарна сум што го имам него повторно да ме запознае со светот. Слично искуство се случи кога забележа виножито. Беше вчудовиден од убавината на земјата. Животот преку неговите очи е чудесен.

Неговиот дневник сега е полн со овие приказни:

Првиот пат кога му рече „благодарам“ на непознат.
Моментот кога го запозна неговиот роднина бебе и нежно го бакна на главчето – поголема нежност во неговиот израз не сум забележала.
Ох, и денот кога го заврши ручекот и не само што ја однесе чинијата во мијалникот, туку и побара крпа за да го избрише местото каде што јадел на масата.

Мајки и татковци, забележувајте ги овие мали моменти. Моментите што се незабележливи, но всушност значат најмногу. Верувајте, ќе ги цените овие специјални моменти сè повеќе и повеќе како што ќе поминуваат годините.

Автор: Гречен Босио

Извор



912

X