Воспитување

И татковците се чувствуваат сè поосамени и под стрес, дури и повеќе од мајките

Веќе некое време го насочуваме вниманието кон фактот дека мајките се осамени и под голем стрес. Не е необично да се слушне ова во последно време, особено кога сите се чувствуваме исто, но тешко е да се чуе бидејќи знаеме колку ни се важни мајките. И се чини дека татковците се чувствуваат исто! Ова го покажале две студии според кои тие се под уште поголем стрес од мајките.

Татковците често работат повеќе, па затоа се оддалечуваат од своите семејства повеќе часови на ден и честопати се повлекуваат во осаменост за да завршат работа или да се одморат, барем така велат. Но, две национални студии спроведени во Америка покажале дека оваа изолација не е само полнење, туку и симптом. Истражувачите велат дека американските татковци пријавуваат подлабока осаменост и поголем емоционален стрес од мајките, кои често се наоѓаат во центарот на вниманието кога станува збор за стрес кај родителите.

Бројки што никој не ги очекувал

Анкета спроведена од Медицинскиот центар „Векснер“ при Државниот универзитет во Охајо покажала дека две третини од американските родители велат оти нивната дневна рутина ги прави осамени „понекогаш или често“, но последователните вкрстени табели покажуваат дека татковците се малку посклони од мајките да го штиклираат полето „често“ (и покрај тоа што поминуваат помалку часови грижејќи се за своите деца).

Заеднички проект на списанието „Родители“ со „Веривел мајнд“, во меѓувреме, покажал дека 59 проценти од татковците сакаат „да се чувствуваат повеќе видени“, додека двајца од тројца се опишуваат себеси како барем умерено под стрес во изминатиот месец.

Зошто татковците тонат во изолација?

Експертите ја припишуваат разликата на три виновници.

Прво, притисокот од „давателите на услуги“: 62 проценти од татковците велат дека потребата за финансирање на домаќинството е нивниот најголем поединечен стресор, процент што ги надминува сите други категории во анкетата.

Второ, притисокот од платено отсуство: некои неодамнешни истражувања покажуваат дека 64 проценти од новите татковци земаат помалку од две недели одмор по раѓањето на детето, плашејќи се од губење на работата. Податоците се за Соединетите Американски Држави.

Трето, културолошко сценарио што сè уште ги третира татковците како „помагачи“, а не како родители, ги остава мажите без опциите што ги имаат мајките – како што се групите за поддршка на социјалните медиуми. Финансиската анксиозност е само еден дел од тоа.

Четириесет и три проценти од татковците во анкетата го обвиниле стресот за практичните аспекти на грижата за децата, бројка што се дуплирала од 2018 година. Покрај тоа, анкета на Државниот универзитет во Охајо покажала дека 62 % од сите родители, вклучувајќи ги и татковците, велат дека родителството го сметаат за „исцрпувачко повеќето денови“.

Но, нели мајките се поисцрпени?

Да, секако! Никој не може да се расправа со тоа. Но, она што го откриваат новите податоци што се фокусираат на татковците е нешто различно, но не помалку загрижувачко: мажите доживуваат тивок стрес – тие имаат помалку можности за стрес, помалку групи со врсници и пократки периоди на слободно време. Со други зборови, мајките може да бидат погласни за својата исцрпеност, но татковците „крчкаат“ во тишина, модел што психолозите го нарекуваат невидлива инверзија на товарот. Значи, покрај тоа што им се дава помош на мајките секогаш кога им е потребна – па дури и пред да им е потребна – истото треба да се направи и за татковците. Само на поинаков начин, се разбира, бидејќи тие нема да прифатат помош тукутака…

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top