Мајка сум на дете кое оди во градинка и приспособувањето на помалата група во градинката ни беше голем стрес. Можеби повеќе мене отколку на мојот син. По кратко време сфатив дека една од тетките никако не ми „легна“…

Сигурна сум дека родителите, особено оние што имаат повеќе деца, во еден момент помислиле: „Не ми се допаѓа тетката и не се чувствувам пријатно што таа е со моето дете“. Се сеќавам на разговорот со една мајка која беше надвор од себе бидејќи тетката од неа очекуваше насилно да го остави своето расплакано дете и да не драматизира премногу околу заминувањето. Се сеќавам дека беше многу налутена и разочарана, сметајќи дека тетките се бесчувствителни личности. Девојчето беше единица, прво дете добиено во зрели години. Ја сослушав и се обидов да ја разберам од мајчинска страна, но се обидов да ја уверам дека најдобро би било отворено да поразговара со тетките и на индивидуален разговор да им каже како се чувствувала како мајка во тие моменти. Не да ги обвинува, туку да им каже какви чувства ја мачат во моментов. Можеби ќе се изненади од резултатот од разговорот откако ќе ги извади сите карти на маса.

Мајка сум на дете кое оди во градинка и приспособувањето на помалата група во градинката ни беше голем стрес. Можеби повеќе мене отколку на мојот син. По кратко време сфатив дека една од тетките никако не ми „легна“… Нема да зборувам за деталите бидејќи можеби некоја од тетките ги чита овие написи, но никогаш јавно не сум го изнела своето негодување.

Луѓе мои, детето со нив поминува половина од својот ден! Тоа се важни личности, па не може тоа да биде некој што мене не ми се допаѓа! И онака имам чувство на вина што оди во градинка бидејќи првата година плачеше како да го водам на мачилиште. Вистина е дека денес, првпат откако оди во градинка, значи околу една и пол година, јас останав дома, а тој отиде во градинка. Каква сум јас – „немајка“! Отидов да прошетам и да купувам, го исчистив станот, поработив на компјутерот и сега трчам по него во неговото мачилиште. Некако ми се чини дека „лошата тетка“ ми требаше во оваа моја приказна дека градинката е место каде што присилно го носам јас, прекрасната мајка. Се надевам дека го сфаќате мојот сарказам. Ако сите тетки беа добри, како тогаш ќе станев мајка-писателка?

Во потрага по вистинската верзија на приказната

На почетокот почнав да забележувам дека моето малечко подобро се однесува кога наутро во градинката нѐ пречекува „добрата“ тетка . Навистина тогаш помирно заминуваше, но многу често плачеше во првата година во градинката. Иако уште не зборуваше, одлучив да го прашам како му е и дали ги сака своите тетки. Разбираше и ми одговараше со кимање. Го прашував за сите по име дали се добри и тој не покажуваше никаква разлика во одговорите. Ми се чинеше дека му е сеедно која тетка го чека наутро. Подоцна ми кажа дека не сака да оди во градинка бидејќи таму ги нема мама и тато, а неодамна и дека му е досадно во градинката. Значи, ни збор за тетките. Понекогаш знаеше да каже дека „лошата тетка“ тој ден била налутена. Тогаш јас почнував да си создавам теории во главата, потврдувајќи колку сум била паметна и мудра во процената. Утредента пак сѐ беше исто, не сака во градинка, а на смена беше „добрата“ тетка.

Разговарав со својата колешка дефектолог и таа ми рече да одлучам според своја процена, а се согласи со она што тогаш веќе го размислував, дека мојата реакција на тетката е негативна, па можеби затоа и тој така реагира. Сепак, ако почувствувам дека за детето би било подобро да ја промени групата или градинката, секако дека треба да го направам тоа.
Долго ме загрижуваше тоа. Беше интересно што на баба, кога одеше да го земе од градинка малиот, „лошата“ тетка ѝ беше помила. За неа таа беше ангажирана и искусна. На крајот одлучив да ги оставам работите да течат по свое и да се опуштам. Ме смируваше логичниот заклучок дека со останувањето во градинката, на малиот ќе му дозволам во својот живот да се сретне со различни карактери на луѓе. Ќе се научи на тоа и тоа може да му биде само од корист во растењето. А плус, „добрата“ тетка е со него половина од времето.

Градинката секогаш беше полна со детски трудови и редовно нешто се случуваше. За Божиќ и за Велигден добивав рачно изработени честитки кои ги изработуваше мојот син и на солзите им немаше крај. Еден ден ми се јави тетката по само еден час откако го оставив малиот во градинката. Тој ден си дојде со огромна џумка на главата. Прво се чувствував како немајка, а потоа сфатив колку сум среќна што тетките се грижат за него. Можам да кажам дека сум задоволна и од програмата што ја нуди нашата градинка, можеби некоја од воспитувачите помалку или повеќе ми се допаѓа, но самата програма ми се допаѓа. Како мајка носиш одлуки врз основа на програмата и содржините, при реализацијата може да има некои отстапувања, но сум одбрала нешто што на крај може да биде малку подобро или малку полошо. Исто како што нашите малечки понекогаш добро соработуваат, а некогаш со задоволство би ги вратиле во родилиштето.

Автор: Даниела Микелиќ, учителка, самохрана мајка

 



912

X