Дали некогаш сте ја слушнале оваа реченица? Толку е добра, што е вредна за споделување. Некои цитати, како „Начинот на кој зборуваме со нашите деца станува нивен внатрешен глас“, имаат моќ да ве натераат да размислувате и да го евалуирате начинот на кој зборувате и се однесувате.

Пред некој ден, додека вечеравме, мојот син рече: „За 4 години, ќе се подготвувам за колеџ, зарем тоа не е лудо?“ Се разбира – ако под „лудо“, мислеше – „Тоа ќе биде кога ќе ги исплачеш очите додека ме испраќаш?“, тогаш ДА – дефинитивно е лудо. Но, тоа е поентата, зарем не? Работиме напорно да ги одгледуваме своите деца за тие да може да станат одговорни возрасни лица кои ќе си ги живеат своите животи. Тоа е причината зошто поминуваме толку ноќи размислувајќи дали правилно постапуваме како родители. Затоа ги користиме тие часови помеѓу нивното време за спиење и нашето време за спиење, за да размислуваме за работите што сме сакале да ги завршиме на различен начин или за да направиме планови за она што сакаме да го направиме различно утре.

Не сонуваме за работи

Кога имав 23 години и кога се подготвуваме за нашето прво дете, не ни сонував дека ќе му ги давам најдобрите играчки, најмодерните уреди, најубавиот автомобил или шансата да пречкрта сè од неговата божиќна листа. Сонував дека му давам шанса да биде среќен и успешен во својот живот. Сонував да бидам добар пример за него, учител, мајка. Сонував да го научам да биде добра личност, вреден, љубезен. Сакав да го одгледам во дом каде што ќе сака да биде секој ден – дом исполнет со љубезност, љубов и поддршка, а не со најмодерните играчки, уреди и подароци.

„Наместо да им купувате на децата сè што вие сте немале, треба да ги научите на оние работи на кои вие никогаш не сте биле научени. Материјалното се брише, но знаењето останува“ – Брус Ли.

Научете ги добро

Едукацијата е важна: формална и животна. Формалното образование е причината што ја надополнуваме едукацијата на децата. Затоа работиме напорно за да не ја споделуваме нашата анксиозност со нашите деца. Животната едукација, пак, е причината зошто им даваме на децата искуства, а не само играчки. „Искуството е најдобриот учител“. Го слушаме ова често бидејќи често искуствата ни ги даваат долгорочните лекции. Тие се лекции кои остануваат со нас засекогаш.

Зошто да не им го дадеме она што го сакаат… ако можеме?

Мојата прабаба живеела за време на Големата депресија. Ги чувала дури и копчињата пред да фрли некоја стара кошула која веќе не ѝ била точна. Мојата баба, пак, нејзината снаа, трошела пари на истиот начин. Кога ги трошела, тоа всушност биле семејни одмори или излегување на јадење. И двете жени имаа повеќе пари на сметка во банка отколку што јас можам да замислам. Си ги штедеа парите за да ги користат на искуства наместо на предмети што ги гледаме на рекламите.

Моите родители нè одгледува брат ми и мене на ист начин, а јас секогаш знаев дека исто така сакам да ги воспитувам и моите деца. Мојата мајка еднаш ми кажа дека често е потешко да се каже „не“ во однос на купувањето предмети на децата кога имате пари отколку да кажете „не“ затоа што немате. Кога нашите деца бараат играчка, дури и ако е 1 долар, јас често велам „не“. Можеме ли да си дозволиме? Да. Дали тоа ќе направи проблем во буџетот? Не. Велиме „не“ на овие мали барања бидејќи така се учат лекции. Вредноста на парите. Благодарноста.

Сега кога децата се постари, забележувам дека иако бараа работи додека одевме во шопинг, поретко го прават тоа. Што ако постојано велев „да“ на тие мали нешта? Дали сè уште ќе бараа? Дали тие предмети ќе им станеа позначајни? Дали ќе го изгубеа чувството на благодарност што го имаат кога ќе добијат нешто?

Сум го видела резултатот кај децата што секогаш добивале „да“ како одговор. Често се претвораат во возрасни кои имаат сè што сакаат, вклучително и долгови и постојана потреба да ги бркаат парите за да им купат радост.

Научете ги на она што сега го знаеме

Ова доаѓа во многу различни форми. Не се работи само за оние животни лекции како „парите не може да купат среќа“. Се работи буквално за сè. Мики и јас јадеме претежно растителна храна. Сè започна пред неколку години откако гледавме неколку документарни филмови и почнавме да се едуцираме за најдобрата храна за нашето здравје. Ако моите родители го знаеја ова додека растевме, сигурна сум дека така и ќе растевме – со таа храна. Сега, имам избор да ги научам моите деца. Несомнено е тешко кога ќе ставам „смути“ на масата за појадок наместо кутија житарици или ролнички со цимет, или пак чинија со паста од тиквички за вечера наместо бургер.

Наша задача е

Ние сме нивните родители. Наша задача е да ги одгледуваме. Наша работа е да ги научиме на работи кои ќе ги подобрат нивните животи. „Не купувај ми сè што посакуваше да имаш додека растеше, научи ме сè што посакуваш да знаеше додека растеше“.

Мораме да велиме и „не“, иако сакаме да кажеме „да“, за да го обликуваме нивниот карактер. Мораме да инсистираме да ни помагаат пред да пораснат за да ги научиме на вредноста од напорната и тимската работа. Мораме да носиме тешки одлуки за да бидат безбедни. Мораме да не ги разгалуваме кога ќе започнат да покажуваат знаци на барање права.

Родителите ја имаат најтешката, но и најубавата работа во исто време.

Автор: Беки Менсфилд

Извор



912

X