Воспитување

„Не ги сакав моите деца, сакав да побегнам и никогаш да не се вратам“ – искрена исповед за постпородилната депресија

Не ми се допаѓаа моите деца кога оваа фотографија беше направена.

Всушност ги презирав што постојат.

Кајден имаше 17 месеци, а Клои 1 месец, а јас не сакав да бидам нивна мајка. Не сакав да ги менувам нивните пелени, да ги хранам, а поголемиот дел од времето сакав да ги оставам во нивните креветчиња и да побегнам низ вратата и никогаш да не се вратам.

Сериозна сум.

Знам дека некои од вас го читате ова со отворена уста, а некои од вас сигурно се згрозени и мислат „Како некој може да не ги сака сопствените деца?“. Знам, навистина е лошо, па затоа ми требаше долго време за да го кажам тоа некому. Молчев и ги закопував моите мисли. Се смеев на фотографии и покажував лажно восхитување кога некој ќе кажуваше убави работи за нив. Често плачев, поголем дел од денот. Го доведував во прашање мојот разум и постојано се обвинував себеси дека сум ужасна личност. Врескав, се криев, ги оставав да плачат и си ја скубев косата. Не ги сакав повеќе. Не ги сакав. Мојот сопруг не знаеше. Беше многу отсутен, работеше. Не можев да му кажам, бидејќи ќе жалеше што ги има децата со мене. Бев сама.

Еден ден одлучив дека нема да да ги земам од креветчињата/ Ќе ги оставам таму, нека плачат. Не ми е гајле. Не можеше да ми биде гајле. Се обидов да се грижам. Не можев.

Наместо тоа се јавив кај мојот лекар. Моментот кога мојата омилена секретарка се јави јас почнав да плачам. И кажав дека не сакам да бидам мајка повеќе и таа ми рече „Веднаш дојди“. Го сторив тоа. Лекарот зборуваше со мене за постпородилна депресија исто како да сме го направиле разговорот илјадници пати.

Изгледа дека зборувал. Јас сум била една од милионите жени искусувајќи вакви чувства како во тие моменти. Не бев луда. Нешто не беше во ред со мојот ум. Нешто кое не можам да го поправам самата. Мојот лекар и јас го поправивме заедно.

Моите деца сега имаат 4 и 6 години, и јас ги сакам и обожувам толку многу што моето срце физички се стега кога ќе помислам на нив. Би го дала животот за нив без да трепнам. Посегнувањето по помош беше најдобриот подарок кој им го дадов како мајка. Ако нешто од ова ви звучи лошо, сакам да знаете – не сте сами. Не сте луди и не треба да биде така тешко. Кажете на некого. Кажете некому денес. Ќе биде подобро.

Автор: Тифани Џенкинс

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top