Без игра, детството не може да биде среќно. Играта е неизбежна потреба за децата, како родителската љубов и витаминот Д. Не само што децата сакаат да играат, туку тие и мора да играат, а сето тоа за подобро да го разберат светот и подобро да се подготват за животот. Децата преку игра се обидуваат да разберат и да обработат што се случува околу нив, што научиле, виделе, со што практикуваат нови вештини, интеракција со другите.

А науката вели дека на овој начин тие стануваат поуспешни подоцна во животот.

Имено, истражувањата веќе покажаа дека играта во која децата се „преправаат“ или имитираат некого е многу важна за когнитивниот развој. Д-р Дори Берген од Универзитетот во Мајами во своето истражување докажала дека децата што немаат можност да играат подолго време, помалку напредуваат, односно тоа лошо влијае врз развојот на нивната писменост и нивните математички и научни вештини. Кога децата се изложени на траума, тие привремено се исклучуваат, а тоа ја спречува нивната способност да имаат природна тенденција за игра.

Кога детето не игра доволно и е „затворено“ на овој начин, ја губи способноста да ги именува своите чувства и искуства, па едноставно се исклучува од реалноста. Доколку нема симболична игра, развојот на апстрактното размислување, решавањето проблеми, развојот на јазикот и академските вештини кај детето ќе бидат одложени.

Друго истражување докажа дека социјалната игра не само што ја зголемува љубовта на децата за учење, односно го прави учењето блиско до децата, туку и го намалува нивото на врсничкото насилство.

Начини за поттикнување на играта

Родителите можат да им помогнат на децата да го извлечат максимумот од играта и да ја искористат за зајакнување на врската родител-дете. Но, не треба премногу да им помагате. Водената игра може да биде добра, но треба да се внимава да се остави доволно простор за непознатото, односно слободната игра. Еве што значи тоа:

Прифатете ја приказната на вашето дете. Родителите треба да се обидат да останат во рамките на приказната што детето ја создало, да ги прифатат метафорите, ликовите или облиците што децата ги започнуваат. Тоа значи дека од клучно значење е да бидете трпеливи и да се препуштите на детската игра.

Оставете да се руши кулата. Како што детето ќе научи да вежба и да се обидува повторно, ќе развие вештини за критичко размислување, иницијатива и креативност.

Не форсирајте социјализација. Кога децата се впуштаат во „паралелна игра“, тие си играат во истиот простор и можеби со слични играчки, но не комуницираат со друго дете. И тоа е во ред.

Не барајте смисла. Понекогаш најдоброто нешто што може да го направи родителот е да ги остави настрана сопствените идеи за тоа што треба да се случи за време на играта и само да му дозволи на своето дете да води.

Извор



912

X