Долг ден. Кошулата е цела извалкана од кашичките на твоето бебе, а косата ти е неуредна. Не си имала ниту една минута за себе со оглед на тоа што кога бебето спиеше, тоа траеше цели 20 минути. Конечно време за спиење. Каучот и „Нетфликс“ се тука. Го нахрани бебето, го избања, го облече, му прочита книга и му испеа приспивна песна. Подготвена си да го ставиш бебето в кревет и да си посветиш време за себе. Но, правиш една фатална грешка: на крај избрзуваш.

Речиси сите мајки на крајот, пред бебето да заспие, брзаат. Побрзо му ја менуваме пелената и брзо му ги облекуваме пижамите. Со љубов му пееме приспивна песна, но ментално веќе сме на каучот и пиеме вино.

Треба да знаете дека и вашето бебе го чувствува брзањето, а токму брзањето може да ја уништи вашата напорна работа. Она што треба да го направите е да забавите на крајот, во последните минути. Тоа значи дека треба да бидете трпеливи во последната клучна фаза. Ова е една од најважните вештини што ја прави разликата за тоа како ќе се одвива остатокот од ноќта.

Како да го направите тоа?

Пејте или зборувајте бавно – Без разлика дали пеете приспивна песна или зборувате, правете го тоа бавно.

Пејте или зборувајте тивко и нежно – Додека пеете или зборувате, полека намалувајте ја јачината на гласот. Гласот нека ви биде помек и помек.

Нежно ставете го бебето во креветчето – Додека ги тргате рацете, направете го тоа постепено. Бидете внимателни. Ако ги следите правилата, ќе успеете. Постои еден тест за тоа дали сте ефективни: ако сето тоа ве заморува и заспива, тогаш исто влијае и врз вашето бебе.

Извор



912

X