„Нежниот потсетник“ на една мајка за празничната сезона им заштедува на родителите еден тон пари и стрес. Лори, корисничка на „Тик-ток“, објавила видео од нејзиното бебе Лили и сите предмети со кои тоа си игра наместо брендираните нови играчки. Па така, ова нејзино видео ги потсетува сите што значат празниците.

Во видеото, во чиј опис пишува „Бебињата за Божиќ…“, Лори сака да им ги олесни грижите на родителите што се однесува до купувањето подароци.

„Само еден потсетник за празниците“, напишала таа на видеото каде што се гледа бебето Лили опколено со предмети. Без разлика дали е здодевна четка за коса, далечински управувач, кутија со марамчиња или чиста пелена, Лили секогаш избира „здодевен“ предмет наместо разнобојните, впечатливи играчки.

По ова видео на родителите им олеснило и се благодарни за моќната порака на мајката, па под видеото има стотици коментари.

„Ова е можеби најдоброто видео што ми се појави додека полудував околу Божиќ!“, напишал еден родител. „Се чувствував како лоша мајка што планирав да спакувам предмети во кутии“, напишала друга мајка. Лори одговорила: „Лоша мајка? Најдобрата мајка! Дајте им го на бебињата она што навистина го сакаат!“ „Ова видео ми заштеди толку многу пари!“, коментирал еден родител.

„Омилената играчка на ќерка ми е празно шише од вода“, се пошегувал друг родител. „Моето 6-месечно бебе се обидуваше да ползи пред некој ден – не кон играчката која беше пред него, туку кон моите влечки“, се нижат коментарите.

„Најважна е љубовта што ја споделуваме, а тоа е нешто што не може да се купи во продавница“.

@killinitsince86

Babies at Christmas be like… #babiesoftiktok #funnybaby #christmas

♬ All I Want for Christmas Is You – Mariah Carey

Автор: Кеси Морис

Извор



912

X