Здравје

Најлошите намирници што може да им ги дадете на децата

Одредена храна може да има многу негативно влијание врз здравјето на детето, но и врз неговото однесување, концентрацијата и квалитетот на сонот. Токму затоа, објаснуваат педијатрите, потребно е да се избегнуваат одредени намирници бидејќи тие не содржат никаква хранлива вредност, а во некои случаи можат да бидат и токсични. Ова е храната што педијатрите ја прогласиле за најлоша за децата:
-газирани пијалаци
-пакувани сокови
-супа или тестенини во кеса
-енергетски пијалаци
-гумени бонбони
-конзервирана туна
-сладолед
-гума за џвакање
-енергетски протеински табли
-преработена храна
-кофеин
-помфрит
-колачиња
-чипс.

Според истражувањето објавено во списанието „The Lancet: Child & Adolescent Health“, најлоша храна за децата е брзата храна, која речиси не нуди хранливи материи и не е здрава. Истражувањата следеле како лошата исхрана може да влијае врз мозокот на децата и адолесцентите, а резултатите биле катастрофални.

Имено, децата што често јаделе брза храна, но и храна богата со рафиниран шеќер, имале проблеми со меморијата, вниманието и контролата на емоциите, а исто така биле посклони кон дебелеење додека растеле.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top