Да се разбереме, нема родители што нема да погрешат. Но, голема е разликата кога нешто грешиш бидејќи не знаеш подобро, а еден тон работи ќе ги направиш баш како што треба, па и животот ќе биде малку полесен

Најголем успех за нас како родители кога се во прашање децата би требало да биде тие, независно од нас, да се способни за живот, нежни, но храбри, како и подготвени за преземање одговорност и емпатични.

Неодамна на прашањето: „За што си сонувала кога си имала 16?“, без размислување, со неколку додатоци, одговорив: „Сакав да не бидам како мојата мајка“. Тој товар кој родителите, свесно или несвесно, ни го поставуваат на рамена, ниту парите, ниту љубовта, ниту ѕвездите, не го лекуваат. Тоа го лекува само копањето по себеси и исфрлањето на ѓубрето надвор.

Да се разбереме, нема родители што нема да погрешат. Но, голема е разликата кога нешто грешиш бидејќи не знаеш подобро, а еден тон работи ќе ги направиш баш како што треба, па и животот ќе биде малку полесен. Како родител кој не тргнува од нула, туку од минус со родената мајка, најголем страв ми е дека на некој начин и јас ќе ѝ бидам товар на Лоли.

Затоа ме водат 2 работи:

1. Морам да имам свој живот. Исто и таа. Многу луѓе кога ќе станат родители, буквално остануваат само тоа. Како таа детска потреба за нив ќе трае засекогаш. И тогаш кога децата ќе одат да го градат својот живот, почнуваат емоционалните уцени, барањето смисла во нешто, градење односи со луѓето од почеток, откривање што е она што го сакаат – луѓето, не родителите.

2. Таа не барала да ја родам. Јас тоа го сакав повеќе од што било. Мојата љубов НЕ СМЕЕ да биде условена со ништо што таа ќе го направи или не. Нема барања во љубовта. Извинете, не е љубов ако мериме кој кому колку му должи. Не само во односот мајка-ќерка. Туку во секој однос. Јас сум ѝ мајка нејзе, не таа мене. И точно толкава количина на добро и убаво колку што ќе ѝ дадам, таа ќе знае да ја даде и на себе. А што е мојата среќа како нејзина мајка? Таа да биде среќна за она што е.

Најголемиот успех на секој од нас што се занимава со најголемата уметност во универзумот – родителството – би требало да биде тоа – децата да не бегаат од нас, туку со задоволство, кога срцето тоа ќе им го бара, да се враќаат таму од каде што потекнуваат. Мислам на успех во сегментот на заемна љубов.

Не се тие наши. Никој не е толку во исто време и нешто најубаво што сме го создале и нешто што навистина не е наше. Затоа од животот сакам само да не ѝ бидам товар на мојата ќерка.

За што сте сонувале вие на 16 години?

Автор: Бранкица Раковиќ

Извор



912

X