За една недела, во периодот од 6 до 12 април годинава, во Институтот за јавно здравје лекарите пријавиле за 126 случаи на мали сипаници, морбили, информираат оттаму. Од вкупниот број новопријавени заболени 57 случаи се од Скопје, а 70% од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Останатите 69 заболени се од Куманово, Кичево, Струга, Тетово, Велес, Прилеп, Гостивар, Крива Паланка, Струмица и Охрид.

Од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 заклучно со 12 април се регистрирани 961 случај на мали сипаници. Од нив 682 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје.

Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и Струга.
Од почетокот на епидемијата во Скопје вкупниот број на вакцинирани лица до 14-годишна возраст кои подлежат на вакцинација со прва или втора доза изнесува 11.919 деца. Во останатиот дел од републиката, од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица до 14-годишна возраст со прва или втора доза е 7.542 деца.



912

X