Пред неколку месеци поминував низ оддел за облека со големи величини заедно со мојата 6-годишна ќерка. Таа покажуваше кон фустани и блузи кои мислеше дека ќе ги купам, со светли бои и принтови, кога одненадеж ме праша: „Мамо, зошто си дебела?“

Јас веќе долго време сум поборник за признавање на големите величини, а во изминатите неколку години го користев зборот „дебело“ како опис, а не како осуда – како придавка, како „кратко“ или „виолетово“ и слично. Во нашиот дом зборот „дебело“ не е надвор од границите или безобразен, па мојата ќерка не мисли двапати пред да го каже. Сепак, го задржав здивот неколку секунди и погледнав наоколу. Дали некои муштерии слушнаа или се навредија? Или уште полошо, беа повредени? Зборот „дебело“ не е негативен за мене, но тоа не значи дека не е за некој друг. Имаше само уште една жена која разгледуваше низ рафтовите, а таа изгледаше како да е во свој свет, па го насочив вниманието кон ќерка ми и застанав за момент за да размислам.

Одговорот беше потежок за смислување. Во последните 3 години откако ставив на себе значителен број килограми, никој не ми поставил вакво прашање. Не сакав да кажам нешто погрешно.

„Па, понекогаш мама јаде и кога не е гладна. И кога го правиш тоа често и не го слушаш својот стомак, твоето тело може да се зголеми“

Знаев каква моќ може да имаат мајчините зборови. Мојата мајка беше преплашена од мојата фигура со облини уште од денот кога се родив. Изгледав поинаку од високите, тенки луѓе од нејзината страна на семејството и таа се плашеше да не се здебелам. Таа – жената што растела пофалувана речиси ексклузивно за нејзиниот добар изглед и тенка фигура – сметаше дека да се биде дебел е најлошата работа што може да се случи. Значеше дека нема да бидеш убава! Нема да бидеш секси! Нема да бидеш сакана. Се обиде да ме „спаси“ од таа судбина внимателно гледајќи во мојата чинија, противејќи се на јадењето слатки и ми одржуваше лекции за броење на калориите. На нејзин начин, таа се обидуваше да помогне.

Но, сигурна сум дека тоа го имаше спротивниот ефект.

Во тој момент во продавницата, откако ме шокира прашањето на ќерка ми, сепак, бев горда. Горда на љубопитноста на мојата ќерка. Горда на фактот дека на 6-годишна возраст таа нема поим дека „дебела“ е лош збор за многу луѓе.

Ѝ одговори едноставно и искрено колку што можев: „Па, понекогаш мама јаде и кога не е гладна. И кога го правиш тоа често и не го слушаш својот стомак, твоето тело може да се зголеми“.

Имам историја на нарушување во јадењето и сè уште емоционално се обидувам да го надминам тоа, особено откако ја игнорирам грижата за себе и рутината за справување со стресот, вметнувањето вежбање и редовен сон.

Продолжив: „Понекогаш луѓето во исто семејство изгледаат слично и имаат ист тип тело. Ти имаш зелени очи и долга коса како мене, а сестра ти има кафеава коса и долги прсти како тато“. Таа го процесираше тоа една минута, а потоа на нешто се сети:

„Па, и јас ќе бидам дебела?“ праша таа.

Ќе ми се скршеше срцето ако видев грижа или болка на нејзиниот лик. Но, сè што видов беше љубопитност без осуда. „Можеби“, ѝ одговорив. „Но, можеби не. Можеби ќе бидеш поголема како мене, или помала како тато, или нешто помеѓу. Можеби ќе имаш различна големина во различно време. Моето тело некогаш било помало, некогаш поголемо“. Одненадеж таа стана од количката за производи и ме прегрна: „Не! Не сакам да бидеш помала! Ја сакам мојата голема мама!“

На нејзина возраст, веќе ја примив пораката, јасно и гласно, дека прифатливи тела се слаби тела и дека треба да направам сè што треба за да имам такво тело.

Но, мојата ќерка доби различна порака: Дека нашите тела заслужуваат прифаќање и почит, без разлика која е нивната големина.

Она што е еднакво важно за мене е да и покажам на ќерка ми дека дел од почитувањето на нашите тела е и грижата за нив. Тоа е лекција на која се надевам дека ја учам секојдневно, кога одиме до училиште, кога ставам зеленчуци во нашите чинии, или кога го посетуваме и „детскиот дел“ во вежбалницата. Ги правиме тие работи не за да го промениме изгледот на телата, туку за да ги почитуваме токму такви какви што се.

Автор: Сани Си Голд

Извор



912

X