Децата се болно искрени, барем додека се многу мали. И додека таа особина – искреност – од една страна ја негуваме и потенцираме, дали сме секогаш подготвени да го поднесеме она што ќе го слушнеме од нашите деца, особено кога темата на разговорот ќе стане малку посериозна и „потешка“?

Моето малечко неодамна наполни 4 години. Будалест и љубопитен каков што е, без проблеми ги изнесува своите ставови, прашања и мислења. Оваа приказна започнува пред половина година или малку повеќе. Утро, треба да одиме во градинка и јас се подготвував за на работа. Мојата шминка со тага ме гледаше од полицата, бидејќи веќе некое време ја запоставував. Сите тие убави сјајни кутии ме чекаат да им се посветам кога ќе имам време, но и волја. Сосема случајно преживеале во тоалетот по враќањето од родилиштето кога во недостиг на место за сите кремови, гази, физиолошки раствори, пумпи за нос и останати чуда, посакав да ги фрлам. Зарем ќе ми бидат потребни некогаш? Баш ми е гајле за шминка, какви глупости!

Тоа утро ги заобиколив, како и многу месеци порано, бидејќи немав трпение и време да го правам тоа со љубов, а поинаку не ни сакав. Користев шминка во првите месеци откако се вратив на работа за да ги покријам подочниците и да додадам руменило на образите. Со време сфатив дека немам време за тоа и дека одморот ми е поважен, па за чудо, тенот сам од себе се приспособи и се откажа од барање пудра. Можеби добро ми дојде и честиот престој на воздух во паркот. Мојот син беше воодушевен кога ќе ме видеше нашминкана, па ќе дојдеше до мене и ќе ме бакнеше. Ме замисли тоа, бидејќи тој не беше изложен на медиуми и женски списанија, а сепак нашминканото лице му се допаѓаше. Се загрижив кога почна да ја користи мојата четка за руменило и да ги имитира потезите за шминкање. Живееме сами, па немаше можност да го имитира бричењето на татко му. Традиционалната Даниела во мене врескаше од страв, па тоа се приклучи на пописот – Зошто не шминка на моето лице.

Да се вратиме на она утро кога одевме во градинка. Наместо шминкање, ставив парфем и се исчешлав. Кога го ставив, син ми во автоседиштето одеднаш рече: „Ммм… мамо, колку убаво мирисаш“. Јас живеев на крилјата од таа реченица уште една недела. Каков искрен и убав комплимент од устата на за мене најважното битие. Преубаво, детско и искрено. Без некои скриени манипулации во тој комплимент.

Но, како што сетилото почна да работи и да открива убави мириси, така почна да реагира и на лошите. Сè почна со неговото накашлување кое го тераше на повраќање кога ќе дојдеше во веце. Бараше да вклучам некои вентилатори или да прскам мириси кога извршуваше голема нужда. Еднаш на базен, на татко му му поврати на грбот по одењето во веце, а јавниот базен беше ситуација на годишна криза, бидејќи никако не сакаше да влезе во него, дури ни по цена да ја заврши работата во гаќите. Морам да признаам дека сосема го разбирам. Неодамна во разговор со пријателка заклучив дека и на нејзиното петгодишно девојче ѝ се случуваат изјави врзани за мириси. Од каде тие мириси стигнале баш некаде околу третата година и каде биле кога менував пелени, во времето кога храбро јадеше и сето тоа завршуваше во пелени.

Како што ми подари комплимент тогаш, така едно попладне ме „истушира“ кога му пријдов, штотуку разбудена, а тој ме турна и ми рече: „Смрдиш, тргни се!“ Во што погрешив, се прашува мојот его-родител во мене. Сè направив според срцето и упатствата од експерт, никогаш нешто вакво не чул од мене. Се скршив. Но, тогаш се сетив на себеси на таа возраст кога ми се гадеше да јадам од една баба, но и подоцна, во бременоста. Во првото тримесечје од бременоста можев да поминам низ ходникот од зградата само држејќи се за носот, а чевлите ми беа на балконот бидејќи ужасно ми смрдеа гумата и пластиката на нив. Добив своја мала високо иритирачка копија.

Следниот пат, гледајќи го низ трепките, како наутро се врти низ креветот и купувајќи уште малку мир и тишина, видов како се сврти кон мене и ми ја помириса устата, правејќи болна гримаса, а јас само се насмеав и прифатив дека здивот наутро ми е грозен.

Автор: Данијела Миклец

Извор



912

X