Мајчинството е една од најважните улоги во животот на една жена и иако е предизвик, тоа е најнаградувачкото искуство. Сепак, секој период е посебен, а една мајка открива како гледа на мајчинството како процес.

Кет Напс се огласила на „Инстаграм“ за да опише како изгледа секој од овие периоди (соби).

-Ова се само некои мои мисли. На денот кога моето првороденче полни 9 години. Ја сакам секоја соба што го направи овој „дом“ – напишала таа.

Првата соба: каде што започнува детството (и сè се менува)

Првата соба во која ќе се најдете е мешавина од темнина и светлина кои струјат наоколу, тага и радост, замор што никогаш не сте го доживеале. Се чувствувате целосни и скршени одеднаш. Сами и никогаш сами.

Седите на стол, помеѓу многубројните оброци, смирувајќи го и тапкајќи го бебето по малиот грб, со неговата мала испотена глава, притиснато на градите.

Тие изгледаат толку мали, но товарот што го држите изгледа толку голем. Кикотење, подригнување, капење и солзи. Им требате за сè, па дури и за да ја кренат главата нагоре. Оваа соба е место каде што ќе најдете осаменост и солидарност за разлика од сите други. Често се прашувате дали некогаш ќе ја напуштите оваа соба. Да, ќе ја напуштите.

Втора соба: детство, лепливи раце и бескрајна енергија

Следната соба е погласна и посветла, чувствата се посилни, а болните денови како да не завршуваат тука. Ова е периодот „Јас го правам тоа, мамо!“ и „Те држам, мамо!“

Малите разговори, со ограничен и лош речник, носат неверојатна радост и фрустрација. Сè е лепливо. Изгледа како намерно да наоѓаат нешто што може да ги повреди, трчаат брзо, се качуваат на сè, ја отвораат секоја фиока до која ќе стигнат.

Им требате за повеќето работи, но тие се охрабруваат сами да прават одредени работи. Некои денови сакате малку одмор од оваа соба, таа е заморна на сосема нов начин. Но, повеќето денови ја гледате оваа соба со очи кои се задлабочени во секој детал, затоа што се сеќавате на просторијата пред неа. Разберете дека еден ден и вие ќе мора да ја напуштите оваа соба.

Трета соба: големи деца, умови кои растат и подлабоки разговори

Уште пред да се подготвите, создадена е нова просторија во која можете да се преселите. Во оваа соба чевлите и облеката се поголеми. Не влегувате во бањата за да капете мало дете, туку велите: „Истрчај под туш и потоа ќе започнеме друштвена игра“. Ова е периодот: „Можеш ли да ѝ направиш на сестра ти чинија житарки“, или „Донеси ја корпата за отпадоци“. „Вечерва имаш тренинг, погрижи се да ги пронајдеш вистинските чорапи“. Сè уште има проблеми, но сега тие се почесто од емотивен вид, а во продавницата нема фластери кои ги поправаат.

Оваа соба е исполнета со смеа, преполна со разговори со брилијантни умови кои се во процес на создавање, војни водени со интензивни емоции, многу лекции. Им требате. Можеби на различни начини од порано.

Седиш во оваа соба и правиш пауза, и почнуваш да сфаќаш дека првата и втората соба се едни од најубавите во кои некогаш си била, а си се прашувала дали некогаш ќе излезеш од нив…

Желба за враќање: повторно разгледување на собите во меморијата

Сега посакуваш да можеш да ја отвориш вратата и да се вратиш, макар за момент. Го земате вашето бебе и ја ставате неговата испотена глава на градите, се враќате назад и се смеете додека вашето исфрустрирано дете инсистира дека може само да се закопча.

Не брзате, не сте збунети, едноставно сте толку благодарни што можете повторно да зачекорите во тие простории. Секоја соба во мајчинството е благослов и можност да растете и да му помогнете на вашето малечко да расте. И сега сте во соба, дури и ако не го сфаќате тоа.

Секоја соба има своја цел. Секоја соба расте со вас. Тоа е она што ги воспитува децата. Секоја од овие соби се здружува за да го формира домот на вашето семејство. Низа соби, меѓусебно поврзани. Тие се ваши и нивни. Обожавам да шетам низ собите, макар и само во сеќавање. Видете, иако со скршено срце, мораме да напуштиме една соба за друга. И нашите сеќавања ги држат единствените клучеви за враќање.

Нејзината објава воодушевила и трогнала многу следбеници, кои ѝ оставиле емотивни коментари.

Автор: Ана Дукиќ

Извор



912

X