м-р Теодора Богојевска, логопед

м-р Теодора Богојевска, логопед

Логопедски центар „Флуенто“, Тетово
facebook.com/Centar-za-logopedski-uslugi-Fluento

Повеќе од авторот

Леворакоста е честа кај менталната попреченост, но е присутна и кај исклучиво надарените и многу успешни луѓе 

Детето во првата година од животот и почетокот на втората еднакво ги користи и левата и десната рака, иако уште оттогаш постои преференција на едната рака која подоцна ќе стане доминантна.

Се смета дека е пожелно детето да се насочи во користење на едната, повештата рака (било да е тоа десната било левата) за да може непречено да се развива едностраната доминација на мозокот. Меѓутоа, превежбувањето на леворакоста не треба да се прави, особено во периодот помеѓу 4. и 10. година од животот на детето. Превежбувањето доаѓа предвид само во случај на одземеност на раката чија доминација се воспоставува или веќе се воспоставила.

Вежбањето на доминантната латерализација се прави, било да се работи за десноракост било за леворакост, доколку не е зацврстена или била загрозена со насилно и нестручно превежбување, за тоа одлучува тим од стручни лица (невропедијатар, психолог, логопед).

Леворакоста е честа кај менталната попреченост, епилепсијата, пелтечењето, нарушувањата во читањето и во пишувањето (дислексија, дисграфија), аутизмот, развојната дисфазија, емоционалната нестабилност, кај децата родени со фактор на ризик, кај шизофренијата, деменцијата и др. Меѓутоа, леворакоста е присутна и кај исклучиво надарените и многу успешни луѓе (во математика, архитектура и просторна организација).



912

X