Децата често одбиваат да ги почитуваат правилата. За правилата се преговара, најдобро преку креативна игра: замислете „Земја без правила“.

Секој треба да смисли приказна или да нацрта цртеж кој ја илустрира неговата „Земја без правила“. Тоа може да биде позитивен, а може да биде и негативен опис на „Земјата без правила“.

Ако „Земјата без правила“ биде опишана само позитивно, родителите прашуваат:

1. Како изгледа оваа земја без правила?
2. Дали децата и возрасните се чувствуваат безбедно ако сите околу нив може да направат сè што ќе посакаат?
3. Што се прави кога се случува некој проблем, а никој не е надлежен да го реши?
4. Кои проблеми настануваат кога нема правила?
5. Како родителите се чувствуваат кога не знаат каде се нивните деца и што прават?

Потоа следува разговор за тоа какви треба да бидат правилата, за еднакво да им користат на сите граѓани на оваа земја. Потоа семејството ги идентификува правилата што треба да важат во нивниот дом. Запомнете дека и децата учествуваат во формирањето на правилата. Правилата се запишуваат на лист хартија.
Семејството потоа креира нов цртеж или нова приказна која ја илустрира „Новата земја со правила“, како и кои правила ќе важат, кои ќе се спроведуваат, кои се последиците ако правилата се прекршат итн.

Извор



912

X