Времето за приготвување оброк може да стане вистински хорор за родителите, особено ако детето избира што ќе јаде. Австралиските научници спровеле повеќе од 80 истражувања за да откријат што да прават со пребирливите мали деца. Тие откриле дека притисокот, наградата, како и уцените и заканите од родителите воопшто не помагаат.

Од друга страна, ако семејството јаде заедно и ги вклучи децата во приготвувањето на храната, тоа ќе ја намали можноста за отфрлање одредени намирници од чинијата.

Малите деца се активни и многу љубопитни, па затоа не треба да ве чуди што седењето мирно на маса е предизвик за нив. Но, еден самохран татко дошол до генијална идеја. Мајкл Викс е татко на петгодишното девојче Силвија, кое, исто како и повеќето деца на таа возраст, никогаш не било љубител на здравата храна и имало силна аверзија кон овошјето и зеленчукот. Така, нејзиниот татко смислил совршен начин да го промени нејзиниот однос кон храната. Овој креативен татко ја претвора храната во нејзините омилени ликови од цртаните филмови.

Наместо безлични и здодевни оброци, овој татко секојдневно ги сервира омилените ликови на своето девојче од филмот „Снежно кралство“, „Прасето Пепа“, чудовишта, животни и други ликови од нејзините омилени цртани. Своите интересни креации почна да ги објавува на неговиот фејсбук-профил и веднаш доби позитивни реакции од другите, па реши да инспирира и други родители и почна да ги објавува креациите и на неговиот инстаграм-профил.

Извор



912

X