Луѓето обично мислат дека колку повеќе деца има едно семејство, толку повеќе се зголемуваат обврските и стресот. Но, едно истражување открива со колку деца мајките имаат најмалку мака и обврски.
Кога мислиме на мајка со четири деца, мислиме на многуте обврски со кои таа треба да се справи. Но, излегува дека мајката која има четири деца е под помал стрес од која било друга мајка, а научниците имаат и научна основа за ова тврдење.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека семејство со четири деца е помалку под стрес поради меѓусебната помош и поддршка. За да се добијат овие резултати, била анализирана состојбата на 7.000 семејства. Исто така, се покажа дека семејствата со три деца се оние во кои мајката доживува најголем стрес. Згора на тоа, тоа е многу повеќе отколку во случај на семејство со две деца.
Како е тоа возможно?
Истражувачите велат дека многудетните семејства ги делат секојдневните задачи, постарите браќа и сестри им помагаат на помалите деца и секој од нив се труди да ѝ помогне на својата мајка. Малите деца се поснаодливи и понезависни отколку оние од помалите семејства.
912