Сите ние некогаш, додека кучињата уште не беа статусен симбол, имавме некој Џеки.
Џеки беше задолжително име за куче.
Џеки јадеше сè што ќе му дадеш, знаеше многу работи, живееше прилично долго и те сакаше до крајот на животот.
Не ти беше важно ни од каде е Џеки, ни дали има пасош, ни која му е мајка.
Џеки не го гледаше во забите, во опашката, во крзното.
Едноставно, сакаше куче.
Или ако и не си го сакал, а си му помогнал и си му го спасил животот, во меѓувреме си го засакал.
Не ти беше важно што Џеки не смееше да влезе во трговскиот центар. Па ни во кафуле. Знаеше дека на Џеки не му е важно тоа. А не ти беше важно ни тебе.
Ако сакаше да си играте, го носеше на ливада. Му фрлаше топче.
Бевте толку среќни, и ти и Џеки.
На Џеки не му купуваше облека и чевлички.
Му правеше куќичка со добра изолација или го пушташе дома кога беше студено.
Беше толку едноставно, многу се трудеше да ја оправдаш довербата на Џеки.
Бевте среќни Џеки и ти.

Сега можеш да најдеш некој Џеки само во понекој оглас, каде што некоја добра душа моли да му дадеш макар привремено сместување.
Макар привремено, бидејќи постојаното сместување веќе го зазело некое друго, повредно куче.
Тоа куче сега е модерно.
Со месеци си собирал пари да го купиш.
Џеки ќе го усвои некој друг. Ти веќе имаш едно куче. Тоа е целиот твој свет. Има купишта следбеници на „Инстаграм“.
Ова не е текст против твоето расно куче, ако го имаш – сакај го и гали го.
Ова е текст за сите Џекиевци на светот, кои ги има толку многу, а никој не обрнува внимание на нив.
Ако веќе сакаш куче, сврти се околу себе.
На сите страни, во секоја улица и на секое ќоше некој Џеки е подготвен да те сака.
Толку лесно и паметно, како што знае само еден прекрасен мелез.
Разубави му го животот.
Тој секако ќе го разубави твојот.

Автор: Немир у Свемиру

 



912

X