На кој начин реагираат децата кога во стресни ситуации родителите ќе се свртат кон дигиталните уреди и како можеме да ги спречиме овие несакани последици, откриваат научници

Детето константно плаче поради еден набор на чорапите. И без оглед колку се обидувате да го затегнете, некако повторно се враќа на истото. Тогаш само би сакале се исклучите од тој плач и нервоза. Го земате телефонот, гледате видео од мачка што ви го испратила другарка. Детето плаче уште посилно. Дали ова ви звучи познато?

Иако телефонот предизвикува моментално олеснување од стресот, тоа може на вашето дете да му го зголеми стресот, предупредуваат научници.

Брендон Мекдениел и Џени Радески проучувале 172 семејства во кои децата имаат до 5 години за да го разберат влијанието на дигиталните уреди врз воспитувањето. Истражувачите ги испитувале родителите за нивото на стресот, однесувањето на децата и колку уреди во текот на денот го прекинуваат разговорот или активностите со децата.
Од студијата е донесен заклучок дека ако родителите се свртат кон уредите кога се под стрес поради однесувањето на детето, тоа ќе почне да се однесува уште полошо, што води до тоа родителите уште повеќе да го насочат вниманието кон уредот.

По одредено време овие деца може да се однесуваат уште полошо со цел да го добијат вниманието на родителите. Кога би го спуштиле уредот во текот на интеракцијата со детето, би го прекинале тој круг.

Не е важно на кој начин сè почнало, дали се свртувате кон уредот по бурната реакција на детето или, пак, вашето дете така реагира на вашата задлабоченост во телефонот. Тоа е јамка околу вратот. Доколку го идентификувате делот кој може најлесно да се промени, можете да го растурите целиот круг.

Три златни правила за користење на дигиталните уреди

Не е реално целосно да ги исфрлите уредите од својот дом, но може да влијаете на тоа колку ги користите. Еве неколку совети.

– Секогаш одржувајте контакт со очите. Мекданиел препорачува – доколку не можете да го спуштите телефонот од некои причини, префрлете го погледот од телефонот на очите на детето и кажете му дека мора да го завршите тој повик. Со тоа му кажувате: „Да, работам нешто, но ти си ми поважен од овој уред“.

– Одредете зона без технологија. Различни зони во домот имаат различно значење за семејството. Можеби, доколку имате помало дете, ќе одлучите дека нема причина да влегувате во детската соба со мобилниот.

– Распоред на времето. Разговарајте со семејството за активностите во кои ќе ги оставите мобилните настрана, како вечера или семејна прошетка.



912

X