Родителите се обично првите што препознаваат дека нивното дете е премногу талентирано и паметно за возраста, а потоа не се сигурни што да прават со тоа. Сепак, тоа што детето е паметно, не значи дека е и талентирано. Националната Асоцијација за талентирани деца во Велика Британија помага во објаснувањето на карактеристиките на надарените деца. Постојат многу листи со карактеристики за надарените деца. Генерално, сите содржат заеднички елементи.

– Размислува добро и учи брзо.
– Почнало да зборува рано и има богат речник.
– Рано почнало да чита.
– Поставува многу прашања и учи побрзо од другите.
– Има добра меморија.
– Екстремно е љубопитно и може да се концентрира подолг период на некои теми или интереси.
– Истрајно е во своите интереси.
– Има богато општо знаење и интерес за светот.
– Ужива во решавање проблеми, често прави оригинални поврзувања и ги пропушта постапните точки во аргументите.
– Има необична и живописна имагинација.
– Има интензивни чувства и мислења.
– Се грижи за правдата и фер играта.
– Има чудна смисла за хумор.

– Поставува високи стандарди и е перфекционист.
– Губи интерес кога од него се бара да направи повеќе од едно исто нешто.
– Чувствително е (лесно се повредува).
– Покажува сочувство и емпатија и е морално чувствително.
– Има висок степен на енергија.
– Преферира постари пријатели или возрасни лица.
– Зрело расудува за својата возраст.
– Набљудува.
– Креативно е.
– Го преиспитува авторитетот.
– Има леснотија со бројките.
– Одлично е со сложувалки.

Никој нема да ги покаже сите овие карактеристики, но многу паметните деца ќе имаат значителен дел од нив. Некои родители имаат тешкотија да ја разберат разликата помеѓу паметно дете и надарено дете. Следното што ќе го прочитате ќе ви овозможи да ја направите таа разлика.

Паметно дете: Ги знае одговорите, се интересира, обрнува внимание, има добри идеи, работи напорно, одговара на прашања, слуша со интерес, учи со леснотија, му требаат 6-8 повторувања за совршено да совлада некој концепт, разбира идеи, ужива во врснички групи, го сфаќа значењето на нештата, завршува задачи, приемчив е, соодветно имитира, ужива во училиште, апсорбира информации, добар техничар е, има добра меморија, ужива во директна презентација, задоволен е од сопствената работа.

Надарено дете: Поставува прашања, екстремно е љубопитно, вклучено е и физички и ментално, има невообичаени идеи, си игра, тестира, ги преиспитува одговорите, не се вклопува во група, потребно му е 1-2 повторувања за да совлада одреден концепт, создава апстрактни теории, преферира друштво на возрасни или постари деца, носи заклучоци, иницира проекти, интензивно е, креира нови дизајни, ужива во учењето, манипулира со информации, иновативно е, добро е во игрите на погодување, се стреми кон комплексност, добар набљудувач е, премногу е самокритично.

Што можат да направат родителите и наставниците за надарените деца?

На надарените деца често им е потребна поголема поддршка отколку на другите, но тоа не мора и да значи дека ним им се потребни повеќе структурирани активности. Понекогаш тоа може да значи дека им е потребна слобода и водење. Тоа може да се случи ако им дадете:

– Простор за да дадат сопствен придонес во ситуациите.
– Можност да преземат ризици со можност за неуспех во добро организирани ситуации.
– Контакт со други лица како нив.
– Време со наставниците, фокусирано и адаптирано на нивните потреби.
– Активности што од нив бараат да поминат рамномерно време во работа и согледување на сработеното.
– Активности со кои ќе се стимулираат нивните вештини за размислување.
– Минимална инструкција, дозволувајќи им да покажат иницијатива и вештини за решавање проблеми.

– Можности за развој на нивната работа во насоки кои самите ќе ги изберат.
– Охрабрување за користење низа алтернативни методи и пристапи, како и организациски и презентациски техники.
– Работа што ќе биде предизвик за креативноста и имагинацијата.
– Шеми за работа кои вклучуваат почетни точки со јасни чекори, а некогаш се отворени за промени.
– Вреднување на фактот дека социјалната и емоционалната зрелост не се секогаш еднакви со интелектуалната способност.
– Низа на стилови на учење.
– Време креирано за проширување на знаењето, а не повторување.
– Активности збогатени со стратегии и диференцијација.
– Можност и време за истражување.

Извор



912

X