Воспитување

Дали сте стресен родител? Може да станете опуштен

Ако некогаш се чувствувате под стрес како родител, како мајка, не сте сами. Можеби ќе се чувствувате како да сте на работ на нервен слом. Можеби ве нервира нередот во куќата, можеби учењето и училиштето на вашето дете, политиката, работата итн. Што и да е, постојат родители низ целиот свет кои се чувствуваат на истиот начин како вие сега. Не сте сами.

Семејствата и родителите се прилично зафатени. Родителите постојано имаат многу обврски. Планирања, приготвување оброци, перење алишта, домашна работа, домашни задачи, диплење облека, одржување на домот, купување намирници, одење на работа, организирање на останатите членови во семејството итн.

Искуството на Сара, мајка на две деца, покажува дека со труд, секој родител под стрес може да се промени и да го исфрли стресот од својот живот.

– Здраво, моето име е Сара и во минатото бев под прилично голем стрес. Мајка сум на две мали деца. Во изминатиов месец од мајка под стрес која работи преминав во опуштена мајка која се чувствува уверена во улогата на родител.

Повеќе не го губам трпението кога станува збор за моите ќерки и се радувам на периодот поминат со нив дури и кога знае да стане прилично лудо.

Она што го променив не беше нивното однесување, туку моето.

Има пет работи што можам конкретно да ги посочам поради кои сум порелаксирана мајка и денес ги споделувам со вас во надеж дека ќе помогнам да се смири хаосот во вашиот живот.

Откажете се од обидот да направите сѐ

Не може да биде направено сѐ. Ако успеете, сигурно дека нема да бидете среќни. Пред два месеца работев со полно работно време, работев хонорарно и работев на блог. Се будев рано наутро за да ја завршам хонорарната работа, работев цел ден на моето работно место, поминував време со сопругот и децата, останував доцна извршувајќи ја хонорарната работа и си легнував, за наредниот ден да станам и да го повторам сето ова.

Конечно, сфатив дека е доста. Иако можев да ги постигнам работите, бев нетрпелива и брзав во речиси сè. Оние што најмногу страдаа беа сопругот и децата.

Направив промена и се откажав од хонорарната работа. Во ретроспектива, не знам зошто не го направив тоа порано. Сега имам повеќе време да се посветам на работите што се важни:

Моето семејство
Мојата работа
Грижата за мене (моето хоби)

Обрнете внимание како го поминувате времето

Им се случува на сите: се обидуваме да прочитаме нешто, да си ја работиме работата, да завршиме задача или да испратиме текст, но во истиот момент на нашето дете му треба нашето внимание.

Може да се изнервираме поради тоа, да почнеме да викаме, наместо да му кажеме љубезно. Она што функционира за мене е следниот начин: Ако работам нешто важно, на моите деца смирено им кажувам дека работам и дека ќе им помогнам за една минута. Потоа, го правам тоа.

Не дозволувам да се одолжува. Едноставно ја завршувам задачата што ја имав, им заблагодарувам што ме чекаа и гледам што им треба.

Бидете свесни како го минувате времето. Ако вашите деца се будни, посветете им колку што можете повеќе време. Вистината е дека овие години минуваат брзо и не можете да ги вратите назад.

„Фејсбук“, „Пинтерест“ и „Инстаграм“ може да чекаат. Ќе бидат таму и подоцна, а сега треба да бидете со вашите деца.Совет: Легнете ги децата порано. Потребен им е одмор за да се чувствуваат среќни и да бидат здрави.

Вежбајте секој ден

Вежбањето ослободува ендорфин, кој ве прави посреќни и го намалува нивото на стрес. Почнете да вежбате во текот на денот и ќе видите како ќе се менува вашето расположение, па дури и нивото на продуктивност. Вежбам додека децата спијат или во вечерните часови кога мојот сопруг е дома.

Разбудете се пред вашите деца

Моите деца се ранобудни (се будат во 6:30). Но, се трудам да станам пред нив. Обожавам да го пијам утринското кафе во тишина и без да морам да станам милион пати за млеко, грицки и сок.

Оставете ги децата да бидат деца

Пред еден месец направив мал експеримент со моите деца. Одлучив да не оставам сè што правам и да не трчам да ги спасам кога ќе сронат понекоја солза. Сакав да ги научам да ги решат проблемите без моја помош, освен ако навистина не е потребно.

Резултатите

Иако често треба да интервенирам, моите девојчиња ме импресионираа со нивната способност да престанат да се расправаат. Помалку сум под стрес знаејќи дека не треба да одам и да ги смирувам по секоја расправија.

Автор: Беки Мансфилд

Извор

Поврзани написи

To top