Со генерации одговорот на прашањето: Што правеше денес на училиште? е: „Ништо“ или „Не знам“, како и „Не се сеќавам“.

Кога ќерка ми тргна во училиште, сакав да откријам што правела цело утро, но не можев да добијам никакви информации од неа. Некои експерти препорачуваат да им се даде простор и време на децата пред да им го поставиме ова прашање. Се обидов, но немаше одговор на повидок. Други ме советуваа да ги разјаснам прашањата. Интернетот е полн со алтернативи на „Како ти помина денот?“

Но, кога ја прашав ќерка ми што ја насмеа денес или какви игри игра надвор, се соочив со воздишки од иритација и недвосмислен одговор: „Престани да ме мачиш!“

Кога почна оваа учебна година, се обидов со нов пристап. „Сакаш да слушнеш за мојот ден?“, ја прашав.

Тој ден и секој нареден таа воопшто не велеше „Не“. Така, ѝ кажував за состаноците и фотокопирањето, заглавениот печатач и изгубените и пронајдени клучеви. Ѝ кажував за игрите на игралиштето, советите што им ги давав на децата. Инаку, јас сум наставничка во нејзиното училиште. Потоа, како ѝ доаѓаше редот во играта „Не лути се, човеку“, ќерка ми почна да ми раскажува за нејзиниот ден. Слушав каква книга читала во библиотеката, како ги соблекла гумените чизми и облекла патики и зошто накратко излегла од часот.

Ми кажа кој шепотел во училницата, пред кого седела за време на ужината. Мислам дека мојата ќерка е најзаинтересирана да ја открие мистеријата за тоа што правам кога не сум со неа. Не е важно дали сте програмер, благајник, блогер, лекар, возач на автобус или домаќинка, бидејќи не се работи за ситници поврзани со работата. Станува збор за споделување на она што нѐ прави среќни и отворени, грешките што сме ги направиле и моментите кога ни било тешко, како и интересните луѓе што сме ги сретнале. Кога сето ова го споделив со ќерка ми, таа беше подготвена да го сподели својот ден со мене.

Работата е последното нешто што сакам да го раскажувам кога ќе се вратам дома. Често мислам дека резимето на мојот ден би им било досадно на сите. Можеби и на ќерка ми ѝ е здодевно да собира коцки и да пишува букви. Но, јас сè уште со нетрпение очекувам да ги слушнам деталите за нејзиниот ден, а таа за мојот.

Синоќа додека седевме на маса почнав да зборувам за плановите за утре, а таа ме прекина:

„Мамо? Нема да ми кажеш како ти помина денот?“

Автор: Сара Акерман, писателка и учителка
Извор



912

X