Мојот телефон е во кујната до телефонот од сопругата, додека јас играм на подот со Ела, мојата 2-годишна ќерка. Мојата сопруга е на горниот кат внимавајќи на Лајла, нашата 9-годишна ќерка која се бања. Не забележав дека телефонот вибрира, но за 25 минути ѕвонел 13 пати.

Секој повик беше од мојата 80-годишна тетка. Не можејќи да нè добие мене и сопругата, ни се јавувала наизменично на двајцата додека јас конечно не влегов во кујната по млеко за детето и го забележав телефонот.

„Здраво, Мариета“.
„Здраво, душо. Ти благодарам што одговори. Каде си?“
„Играм со Ела“.
„Ох, па каде е Лајла“.
„Се бања“.
„Во ред“.
„Во ред. Сакав само да ве слушнам, да прашам што правите. Се извинувам што пречев“.

Немаше никаква итност – никогаш и нема. Всушност, ваквите повици се случуваат повеќе пати на ден. Првиот повик обично околу 15:30, кога сопругата си доаѓа дома, работи како наставник во средно училиште. Вториот повик е откако ќе завршам со миење на садовите, пред Ела да оди на спиење. Третиот е набрзо по вториот.

Оние од нас што „жонглираат“ со грижата за децата и за постарите лица во семејството се дел од она што се нарекува „сендвич-генерација“ – луѓе фатени во средината. Такви се повеќе од 11 милиони Американци, според извештајот од 2019 година на Националната алијанса за укажување нега кај генерациите. Друг извештај, пак, од Асоцијацијата за Алцхајмер, открива дека една четвртина од 16,2 милиони негуватели на луѓе со деменција се „сендвич-негуватели“. Малку повеќе од половина од „сендвич-негувателите“ чувствуваат дека имаат избор во однос на преземањето на одговорноста како негувател (54%). А за 45 отсто од „сендвич-негувателите“ што имаат чувство дека немаат избор перцепцијата на емоционалната и физичката сила често може да биде полоша.

Ова е местото каде што живеам, ова е моето нормално.

Излегување на крај со новото нормално

Негирањето на мојата тетка траеше околу 6 недели. Ја посетувавме во неделите и ја молев да дојде кај мене дома бидејќи ѝ беше страв да биде сама. Но, откако еднаш заврши во болница, седна во автомобилот и ми рече дека не може повеќе да живее сама. Мојата сестра и роднините заминаа од родното место пред повеќе години, а сестрите на тетка ми (меѓу кои и мајка ми) се починати. Се јавив на неколку контакти и успеавме да ја сместиме во установа за помалку од една недела. Зборувањето на оваа тема со другите не е лесно, но да се живее со постаро лице на кое му треба помош додека имате мали деца е навистина голем предизвик. „Зошто тетка Мар постојано се јавува?“, ме прашува Лајла. Тоа всушност е легитимно прашање.

Мариета беше учителка во градинка 4 децении, па имаше подготвени материјали планирани за нејзините посети. Таа беше тетката која сонував да ја имам за моите деца – строга, но полна со љубов, која постојано ги поттикнуваше нивните умови да учат нови нешта.

Сега, пак, Лајла и јас зборуваме дека тетка Мар е анксиозна и не знае како да го контролира тоа. Експертите се сложуваат дека кога си директен и искрен со децата за она што се случува, тоа дава големи придобивки. Отворената комуникација родител-дете може да ја намали анксиозноста за она што ќе или можеби ќе се случи. Важно е и да зборувате разбирливо со децата, тие ќе имаат прашања, па треба да се обидете да ве разберат. Со вклучувањето на децата во целиот процес вие им давате шанса да разберат што се случува. Ела сака кога тетка ми ѝ раскажува приказна веднаш по празничните вечери. Лајла, пак, разговара со неа за активностите на училиште. Таа комуникација им овозможува чувство на вклученост – детето смета дека има активна улога, а постариот роднина не се чувствува како да е присутен само поради обврска.

Семејните околности, возраста на детето и состојбата на возрасниот се фактори во однос на тоа која улога ќе ја има детето.

Грижа за себе

Трпението стана комодитет како што борбата помеѓу родителството и негувањето постаро лице зеде поголем замав во мојот живот. Забележувам дека често го губам трпението – дали со тетка ми, дали со децата, а потоа веднаш чувствувам вина. Ѝ се обратив на мојата колешка Рут Дру од Асоцијацијата за Алцхајмер за совети. Таа има тинејџер и се грижи за својот татко, кој има Алцхајмерова болест, иако не живее со него. Таа вели дека губењето на трпението е знак за преголемо распрскување на емоционалната енергија. Додава дека е важно да се остане свесен за тоа како вашите реакции влијаат врз децата. Таа ми даде и други совети за справување со стресот:

– 5 минути посветени на длабоко дишење и вежби за релаксација на мускули, како прва и последна активност во денот.
– Неделни состаноци за ручек со пријател кој охрабрува.
– Будење 30 минути порано за кратка медитација пред да почне денот.
– Консултација со експерт или приклучување во онлајн-група на негуватели на стари лица.

Поддршката е достапна, ако знаете каде да ја побарате. Само треба добро да се информирате.

Создавање граници

Пред неколку дена бев надвор од градот. Зборував со сопругата и децата само еднаш и ѝ оставив конкретни инструкции на тетка ми да не ми се јавува. Тоа ја повреди. Сепак, можев да кренам слушалка и да зборувам, но тоа води до втор повик, па до трет и нема граница. Границите се важни, особено оние невидливите. Во мојот случај, не зборувам со тетка ми кога сум на работа. Едноставно поставуваме време кога не може да ми се јавува. Ако сум надвор од градот, зборуваме за тоа дека сопругата тогаш е сама и не може секогаш да одговара на телефонот. Па компромисот е дека таа тогаш не може да нè бара, туку ние ќе ѝ се јавиме. Компромисот и флексибилноста се важни како и самите граници.

И повторно има периоди кога сè ви е преку глава. Имало случаи, кога вообичаено сум под стрес на работа, кога не можам да се справам со некој телефонски разговор и тогаш ги активирам границите. Ги завршувам обврските, се релаксирам, па откако ќе ја постигнам онаа состојба кога сум рационален и смирен, тогаш ѝ се јавувам на мојата тетка.

Автор: Џеред Певенти

Извор



912

X