Веќе сте му облекле долна облека, панталони и маица на вашето дете: Ги облекува чорапите и чевлите, а вие сте успеале да му ги измиете забите во времетраење од 8 секунди. Сега мора да го сместите во седиштето во автомобилот. Не е тајна дека децата на возраст од 2 до 3 години се многу тврдоглави. И кога се обидувате да ги сместите во автомобилот – тогаш се јавуваат проблеми. Еве неколку совети како да го сторите тоа без борба.

Направете да мислат дека е нивна идеја

Наместо да им кажете што треба да прават, дајте им шанса тие да ви кажат вам. Преправајте се дека не знаете што следува во утринската рутина. „Добро, сега се облекуваме, јадеме појадок, миеме заби… што треба да правиме следно?“ – ова ќе го постави детето да биде „главно“ во играта и ќе го поттикне неговиот интерес. Па кажете: „Дали треба да трчаме околу соседството? Ох чекај, знам, време е за дремка!“ Будалестите сугестии може да го насмеат детето и да му ја поттикнат желбата да ве исправи, па да ви каже: „Неее, сега одиме во автомобилот“.

Нека биде игра

Сè што е забавно прави детето да дава помалку отпор. Кажете: „Мислам дека можам да стигнам побрзо од тебе до автомобилот!“, па така поттикнете ја неговата желба за игра и натпреварување, со што ќе му се роди чувство на задоволство кога ќе стигне бидејќи победило. Ставете некоја од неговите посебни играчки во автомобилот претходно, за да му биде пригодно изненадување кога ќе влезе. Може да ја пуштате и омилената музика на детето и слично.

Дајте им избор на децата

И децата сакаат да имаат чувство дека имаат некаква моќ. Поставувајте им прашања како: „Сакаш да влезеш прв или втор?“, „Го сакаш ова камионче?“ или „Сакаш да се качиш сам во автомобилот или јас да ти помогнам?“ – Ваквите прашања може да им дадат чувство дека тие се главни.

Дајте им задача

Кога ги оставате децата да учествуваат, тие се чувствуваат способни. Па може да бидат официјалниот „пребарувач на клучеви“, или некоја друга мала задача во автомобилот која ќе им даде чувство на учество и соработка.

Емпатија

Покажете емпатија кон ситуацијата во која е детето. Ако некој ве брза секој ден да се подготвите кога вие само сакате да си играте, сигурно би биле нервозни, така? Поврзете се со неговите емоции. Кажете му: „Знам дека не сакаш да седнеш во автомобилот. Гледам дека си лут.“ Покажете му сочувство, а потоа кажете: „Но, ако не седнеме во автомобилот, не можете да одиме никаде каде што е забавно.“

Обвинете некого, некој друг

Кога детето ве гледа како непријател, основните задачи од секојдневието може да станат тешки. Но, ако кажете дека не сте вие тие што ги носат одлуките, можно е да се олеснат работите. На пример: „Лекарот рече дека мора да седиме во нашите седишта во автомобилот за да бидеме безбедни“ или „Ако не те врзам, ќе имам проблеми со полицијата.“

Останете смирени, но цврсти

Ова е тешко додека детето вреска, се лизга и избегнува да биде врзано во седиште. Кога добивате желба да се развикате, воздржете се и дишете длабоко. Направете чекор назад и повторно дишете. Кажете: „Не можеме да одиме никаде додека не си во твоето седиште.“ А потоа продолжете: „Јас сега ќе седнам, па кажи ми кога ќе биде подготвен.“

Кажете им ја алтернативата

„Во ред, ако не седнеш ти во седиштето, јас ќе те сместам. Сакаш самиот да седнеш или јас да го сторам тоа?“ Откако ќе го кажете ова и ќе му ја дадете до знаење алтернативата, продолжете: „Во ред, сега ќе те земам…“ Тврдоглавото дете ќе почувствува дека неговата победа се оддалечува, па можеби ќе се намести самото во седиштето.

Последици и подмитување

Иако никој родителски експерт не би се согласил, секој родител го знае пресвртот на ефикасноста во очајните обиди. „Ако не влезеш во автомобилот, нема да добиеш слатки подоцна.“ Додека тие две работи се сосема неповрзани, а секако ќе заборавите да им дадете слатки подоцна, не е важно. Бидејќи штом ќе го кажете тоа, детето веднаш ќе влезе во автомобилот.

Автор: Сара Шоуфити

Извор



912

X