Да се има новороденче е возбудливо за секој родител. Мирисот на новороденчето и бескрајните милувања се радост и спомен за родителите. Но, исто така, кога добивате новороденче, доаѓа и период кога мора да се приспособите на многу денови без доволно сон, бидејќи новороденчињата имаат поинаков распоред на спиење од возрасните.

За среќа, една мајка, која е и консултант за спиење со сертификат за деца на возраст од 0 до 5 години, споделила како повторно да се заспие детето веднаш по неговото будење од дремка или сон. Ема Колет од Јута споделила фантастичен трик на нејзината страница на „Инстаграм“. На видеото пишува: „Како да го заспиете повторно вашето бебе откако ќе се разбуди од кратка дремка.“ Ема вели дека на бебињата едноставно им треба помош за да научат како да ги преминуваат сопствените спијачки циклуси. Таа демонстрира како може да ги научите бебињата на тој процес. Прво, вели да го превртите бебето на една страна и да кажете „Шшш“ гласно. Исто така, препорачува тапкање по грбот со стабилно движење додека не заспие. Ема напишала: „Ова е за сите оние што мислат дека единствениот начин на кој вашето бебе спие подолго од 20 до 40 минути е кога го држите в раце!“

„Потребата од асистенција при спиењето е нормална за бебињата, ништо не е погрешно во тоа. Направете го тоа ако ве прави и вас и бебето среќни. За мајките што имаат чувство дека се преморени, оваа техника може да им го промени животот.“

Откако бебето ќе заспие настрана, нежно свртете го на грб, додека континуирано велите „шшш“ и го тапкате. Ема им вели на родителите да не се обесхрабруваат кога бебето повторно ќе се разбуди, бидејќи тоа е нормално, а и бебето постојано бара утеха. Ема вели дека повторното заспивање на детето е потешко од првичното успивање. Вели дека процесот одзема 15 минути. Додека бебето спие, таа гледа филм, па кога повторно ќе почне да се буди, следниот пат веќе и самото може да му се врати на сонот.

Родителите се воодушевени од нејзините насоки.

Автор: Лиен Хол

Извор



912

X