Секој родител се надева дека неговото дете не само што ќе биде здраво, туку и дека ќе биде среќно и самоуверено. Секој родител, вклучително и јас, ќе научи дека децата ќе имаат подеми и порази низ годините. Пандемијата, пак, која го „зароби“ светот, донесе низа предизвици и ги наруши дневните рутини, што кај многу деца се манифестира преку нарушување на чувството за сигурност и емоционалната основа за сопствената вредност.

За децата и тинејџерите, себевреднувањето покажува колку им се допаѓа тоа кои се и колку се пожртвувани за себе. Тоа е глобална себеперцепција која се појавува во раното детство и може да се менува со возраста и околностите. Но, зошто е важна? Да се има позитивно самовреднување значи да се инспирира самодоверба. Обезбедува „гориво“ за справување со предизвиците, развивање позитивни односи со врсниците и водење грижа за себе. Ги предводи децата и тинејџерите кон вредноста за тоа кои се и ги мотивира да се трудат и да го даваат најдоброто од себе. Од друга страна, перцепцијата за ниска сопствена вредност може да ја намали мотивацијата кај децата и да ја „убие“ љубопитноста за потрага по своите интереси – потоа се развиваат нездрави начини за справување со проблеми, а со тоа децата се изложуваат на ризици за анксиозност и депресија.

Родителите може да им помогнат на децата во оваа борба. Еве неколку совети кои јас како развоен психолог ги препорачувам за знаците што научив да ги согледувам кај моето дете, кое сега веќе има 20 години.

Знаци дека детето се бори со сопственото самовреднување

Кои се знаците дека нешто подлабоко се случува кај детето, што е она што ја размрдало перцепцијата за неговата вредност. Имајте го предвид следново:

1. Зголемени и константни жалби за физичкото здравје – најчесто главоболки и болки во стомакот – како и генерални изразувања на детето дека не се чувствува добро.
2. Промени во дневните рутини, на пример, спиењето (премногу или премалку) и јадењето (премногу или премалку), особено во текот на училишните денови.
3. Иритантно однесување, изливи на бес, повлекување, слабо зборување.
4. Изразување фрустрации и досада.
5. Зголемување на негативноста за себе и/или анксиозност поради личните способности.

Навлезете во коренот на проблемот

На почетокот промовирајте отворена комуникација со детето. Слушајте го што ви зборува и иницирајте разговори. Поставувајте едноставни прашања, директни, јасни, кои се насочени кон валидизирање на чувствата кај детето. „Се прашувам зошто не се чувствуваш добро во последно време“ или „Со кого играше на училиште денес?“ и слично. Целта е да детето да ви го каже изворот на проблемите иако за тоа некогаш ќе му треба време. Не грижете се, сум открил дека и малите деца може да се изразат и да ги кажат изворите на стрес што ги имаат.

Проблемите со сомневањето во сопствената вредност кај децата се јавуваат од различни причини, меѓу кои и притисокот кој децата може да го чувствуваат.

Како да му помогнете на детето

Откако ќе го идентификувате изворот на проблемот, може да почнете со негово решавање. Кажете му на детето дека не само што е добро, туку е и важно да се кажуваат маките за потоа да можете да се справите со нив. Потсетете го детето дека треба да се фокусира на она што може да го направи и подобри, зборувајте за тоа на што може да работи за да се подобри, а и дека не треба многу да се грижи за успесите на другите. Треба да ги прославува и малите победи, бидејќи така ќе гради самодоверба и основа за доверба во себе.

Дополнително, помогнете му на детето повторно да го врати фокусот на сопствените позитивни страни, на она за кое е способно, за да не си припишува преголем товар во однос на оние области со кои се бори. Потсетете го дека да се биде добра личност, да се биде љубезен и да им се помага на другите е одличен начин да се воспостави чувство на самовредност.

Промовирајте ја вредноста за барањето помош доколку е потребна

Комуницирајте со детето за неговите проблеми и можностите за барање помош од оние што му значат и на кои им значи. На пример, педијатарот може да ви укаже и на некои специјалисти за овие области. И училиштата може да понудат различни сервиси и услуги, вклучително и програми чија цел е решавање социјални проблеми и стратегии за решавање на стресот од училиштето.

Заклучок

Ако детето се бори со самовредноста сега, тоа не значи дека секогаш ќе биде така. Кога борбата се случува, комуницирањето со детето и барањето помош од другите не само што ќе го адресира проблемот, туку ќе постави и основа за практикување грижа за себеси и вреднување на себеси низ детството, но и понатаму.

Автор: д-р Ричард Ренди

Извор



912

X