Родителите често мислат дека нивните деца се непослушни, дека тие се лоши родители и дека одредени однесувања на децата се неприфатливи. Сепак, родителите не знаат дека реалноста е поинаква и дека непослушноста на децата (во одредени ситуации) е всушност нивна природна реакција.

Ова се најчестите ситуации поради кои родителите сметаат дека нивните деца се непослушни и немирни.

1. Неможност за контрола на импулсивното однесување на детето

Му велите на детето: „Престани да викаш!“, но тоа продолжува. Психолозите тврдат дека импулсивното однесување кај децата може да се контролира непосредно пред крајот на пубертетот. Додека децата не ја достигнат таа возраст, мора да разберете дека можеби сака да ве послуша, но му треба време да се собере и да се контролира.

На пример, 56 отсто од родителите сметаат дека децата помали од 3 години можат да се воздржат и да не прават нешто што е забрането, но во реалноста оваа вештина се стекнува дури на возраст од четири години.

2. Сензори на преоптоварување

Ако денес го однесовте вашето дете во парк, потоа на слава, потоа и на прошетка до домот, а потоа сте го оставиле да „дивее“ низ куќата – мора да разберете дека детето е уморно или лошо реагира на околината.

Досадата, заморот, нервозата, се само некои од причините зошто вашето малечко е постојано нервозно и зошто постојано плаче и негодува.

Можеби детето не е „безобразно“, можеби само му се спие!

3. Зголемена емоционалност

Детето не може да ги контролира своите емоции, особено кога е уморно, нервозно или кога нешто го боли. Кога детето е гладно, неговиот „компас“ е целосно изгубен. Ако се разбуди среде ноќ, детето не знае како да каже дека се плаши или дека нешто го боли, па почнува да плаче, да се врти, да скока…

Имајте го тоа на ум следниот пат кога вашето дете ќе направи „сцена“.

4. Бесконечно трчање наоколу

Детето има постојана потреба да се движи, да трча, да скока, да вреска… Наместо да го смирите, вие треба да го однесете надвор да прошета, да игра со топка, да скока на јаже и слично. Детето мора да се движи.

5. Борба за свое мислење

„Ама денес сакам да бидам Елза!“ Колку пати сте го слушнале ова од вашата ќерка која за во градинка облекла фустанче за маскенбал? „Не сакам да носам долги ракави, сакам кратки!“ ќе вреска вашето дете, подготвено да излезе на 10 степени облечено во летна облека. Ова е начин да се бори за себе, да ја развива својата личност. Не ограничувајте го, само приспособете се на него.

6. Желба за постојано играње

Наместо да се облече, детето трча голо низ домот, бегајќи од вас и од облеката. Наместо да измие заби, тоа го мачка мијалникот со пастата за заби. Психолозите велат дека тоа не е безобразно, тоа е нормално однесување на децата. Освен што имаат потреба за движење, децата имаат и потреба за игра. Постојаната игра и наоѓањето инспирација за игра во секоја активност е основната потреба на децата.

7. Го имитираат вашето однесување

Децата го повторуваат вашето однесување. Бесот, тагата, незадоволството – тие читаат од вас како скенери и сето тоа го копираат. Ако детето е незадоволно, запрашајте се што не е во ред со вашето семејство. Разговарајте со детето, помогнете му, а потоа испитајте ја причината и решете ги проблемите заедно со вашиот партнер.

Извор



912

X