Па ти фали: самодоверба, да знаеш да кажеш „не“, да се избориш за себе, да не чувствуваш вина, грижа на совест, ти фали да не се откажуваш, да не се чувствуваш инфериорно или искомплексирано за многу нешта, ти фали љубов кон другите, ти фали топол збор, емпатија, став, цврстина, одлучност, ти фали некој да те сака и кога си најлош, ти фали бидејќи мораш да правиш разни грешки и да ги повредуваш најблиските за да видиш дали те сакаат, ти фали физичко здравје, имаш висок или низок крвен притисок, те боли глава, имаш проблем со стомакот…

Денес ги знаеме последиците од критикувањата, понижувањата, казнувањата, бурното реагирање, самохендикепирање (лошо ми е од вас, од вас не можам да дојдам при себе, заради тебе не ми е добро итн.) и пренагласеното реагирање на родителите тогаш кога на детето не му е добро од која било причина (најчесто кога е фрустрирано, луто, кога се бори за себе).

Родителот треба да се смири, да се обиде да разбере, да покаже дека разбира и дека се грижи, а и да го даде своето мислење и да не отстапува од своето однесување бидејќи со разбирање на детето му дава љубов која тоа ја интернализира, а со цврстиот став му дава сигурност, самодоверба и граници кои исто така ги интернализира.

Да се биде емпатичен и доследен е формулата на мојата генерација, нешто што не сме можеле да го научиме од своите родители (а тие повторно многу напор вложиле за да ги поправат грешките на своите родители – грубо физичко казнување, поклонување на децата, студенило, прекумерна работа итн.).

Го правиме светот подобро место, до бесконечност во исправување на нијанси и нијанси од своите и туѓите грешки…

Автор: Сунчица Јовановиќ, мастер психолог и психотерапевт

Извор



912

X