Бременоста буквално е друга состојба и телото целосно се менува за да создаде нов живот. Она што обично доаѓа со бременоста е утринската мачнина. Гадењето е честа појава, но може да биде различно кај секоја жена. Почнува од шестата недела, а најлошо е во текот на осмата и деветтата. На некои жени им се случува наутро, на некои навечер, а честопати се случува мачнината да трае цел ден и може да биде придружена со повраќање.

Иако веројатно нема да имате желба за јадење, постојат некои видови храна што ќе ви помогнат во борбата против гадењето.

Банани

Консумирањето една банана дневно може да го спречи или да го намали гадењето. Ако ви здосадат бананите, направете си смути од банана, млеко, ореви и бобинки. Можете да си направите и сендвич од банана и путер од кикиритки или да ги исечкате и да ги јадете со грчки јогурт.

Лубеница

Хидратацијата помага во намалувањето на мачнините, но понекогаш и обичната вода може да има лош вкус во бременоста. Слаткиот вкус и текстурата на лубеницата може да ви помогнат.

Крекери

Крекерите можат да ви помогнат кога имате мачнини. Тие апсорбираат дел од киселините што предизвикуваат мачнина. Можеби нема да можете да јадете крекери со нешто друго, но ако сакате, обидете се да ги намачкате со крем-сирење или да ги потопите во хумус. Можете да пробате и некои крекери со благ вкус, како рузмарин и морска сол или маслиново масло. Само држете се настрана од што било зачинето или кисело.

Ѓумбир

Низ историјата ѓумбирот се користел за ублажување на гадењето, а истражувањата покажуваат дека е многу ефикасен. Можете да го јадете или пиете во која било форма, без разлика дали тоа е гума за џвакање од ѓумбир или чај од ѓумбир.

Лимони

Постојат докази дека мирисот на лимон може да помогне во намалувањето на мачнината. Исцедете лимон во салатата или рибата, а како пијалак можете да си приготвите топла вода со лимон, ѓумбир и мед.

Извор



912

X