За многумина од нас мајчинството е реализација на сонот и најмоќната љубов што некогаш сме ја доживеале, но со ова искуство сфаќаме и колку се нереални очекувањата на општеството за мајките.

Неодамна Сара Бакли Фридберг, мајка на три деца, на нејзиниот фејсбук-профил ги искажа фрустрациите за нереалните и неразумни очекувања од општеството за новите мајки.

– Вратете се на работа по 6-8 недели откако ќе имате бебе. Вратете се на работа пред да заздравите или пред да имате време да се поврзете со вашето бебе. Исто така, дојте го бебето најмалку една година. Направете 2-3 пати пауза на работа за да се измолзите. Притоа не смеете да изгубите фокус. Одржувајте ја куќата чиста, слична како онаа на „Пинтерест“. Соберете ги божиќните светилки, рециклирајте. Бидете Дедо Мраз, бидете велигденско зајаче, бидете планер на родендени, пронаоѓач на изгубени работи, модератор на тепачки, менувач на пелени. Бидете забавни. Бидете цврсти. Читајте книги – пишува таа.


Во постот Фридберг ги претстави ситуациите со кои многу мајки се справуваат секојдневно. Се обидуваме да воспитаме деца кои ќе бидат сила за доброто во општеството, но мајките чувствуваат дека немаат поддршка од општеството во нивната мисија.

Таа вели дека го напишала постот по тежок, долг ден на работа. Нејзините деца биле во зоолошка без неа, и таа била тажна затоа што не била со нив.

– Мојата речиси 4-годишна ќерка имаше масивен 45-минутен тантрум затоа што направив погрешен вид тестенини за вечера. До моментот кога сите деца ги легнавме да спијат, бев преморена и фрустрирана. Набрзина седнав на „Фејсбук“ и го напишав постот. Пријателка праша дали може да го сподели, па така го направив јавен – вели таа. Постот стана вирален бидејќи голем дел од мајките можат да се поврзат со него. Фридберг забележува дека повеќето мајки се одговорни за домаќинството, носење на децата на доктор и реорганизирање на сопствениот распоред кога децата се болни. Како што истакнува таа, ова ги става мајките на тешко место: општеството ни кажува како да практикуваме грижа за себеси и да земеме одмор, но тоа е тешко кога си ги потрошил сите слободни денови бидејќи вашето дете е болно. Од нас се очекува да бидеме многу работи за секого, а тоа е невозможно.

Тешко им е на мајките што работат, а потоа доаѓаат дома за да работат втора смена како готвачи, шофери, перачки, менувачи на пелени.



912

X