Морам да престанам да бидам толку достапна за моите деца. Ме полудуваат, а и тоа ја спречува нивната независност. Тие, всушност, немаат потреба јас да мислам на нив, да правам нешто за нив или да живеам за нив. Треба да престанам да бидам толку достапна.

Имам чувство како децата да бараат одговори од мене цел ден. Како да сум некоја машина во која вметнувате прашање, а веднаш од неа излегува одговор.

„Мамо, може ли да добијам…“
„Мамо, што е…“
„Мамо, каде се моите…“
„Мамо дали…“
„Мамо, не можам да…“

Ах! Мојата глава! Како умот на мајката да не е веќе доволно полн со сите животни стратегии и тешки работи со кои се соочува секојдневно, па сега треба и со сите овие прашања да се занимава. Каде се чевлите, тетратката за домашна задача, појадокот, мозокот? Како моите деца ќе научат да бидат одговорни и независни кога постојано имаат едно место каде што добиваат сè што им треба, кога и да им треба.

Промената почнува денес

Воведувам промени и тоа сега. Отсега натаму кога ќе поставите прашање, одговорот ќе биде – не е мој проблем. Одговорот е: „Што мислиш?“, „Каде мислиш?“, „Зошто мислиш?“, „Како мислиш?“

Тој процес нема да биде убав. Но, веќе подолго време сме родители, па затоа сме навикнати на такви неубави моменти.

Како да ги научите децата на независност

Ова се 5 стратегии што ќе помогнат да ги инспирирам децата да бидат независни и да намалат со прашањата.

1. Престанете со спасување

Добра сум со оваа стратегија, но знам дека на многу мајки не им оди. Кога детето ќе западне во неволја, нашиот инстинкт ни вели да се вклучиме и да го решиме проблемот. Лошо е кога ги гледаме децата како се борат. Но, сето неубаво се губи за 10 секунди кога: ги гледате гордоста и воодушевувањето на лицето од вашето дете кога самото ќе реши некој проблем. Па, престанете да ги спасувате, туку насочувајте ги и охрабрувајте ги.

2. Трпение

Сакаме да го исчистиме нередот околу децата брзо и ефикасно, но знаеме дека животот не функционира баш така. Треба да ги научиме да бидат трпеливи и тогаш кога работите не одат баш најдобро. Треба да научат дека може да се чувствува и негативност и да не се преземе ништо околу тоа. Треба едноставно некогаш да прифатиме некои работи и да не дозволиме да надвладеат со нас.

3. Конзистентност

Бидете конзистентни. Правете ја истата работа постојано на истиот начин. Исцрпувачки е и малку здодевно, но тоа е процесот кој ги создава границите. Со воспоставени граници, родителите ќе може да имаат и мал дел од времето само за себе.

4. Одговорност

Дозволете им на децата да ги почувствуваат последиците од нивните дела. Иако некогаш изгледа дека ја применувате оваа стратегија уште додека децата биле мали и нема успех, мора да продолжите. Како што децата растат, ќе стануваат потешки и природните последици, па тие со текот на времето ќе сфатат.

5. Дајте им работа

Кога моите деца беа мали, немавме многу обврски или очекувавме да бидат распределени помеѓу членовите на семејството. Сме се обиделе да ги решиме, наместо да бидеме конзистентни. Сме спасувале наместо да учиме на одговорност. Тешко е одненадеж насоката да се промени и децата веднаш да ја расчистат собата, да помогнат при чистење на тоалетот, да го фрлат ѓубрето и слично. Но, ако не сме ги научиле да ги завршуваат тие обврски додека биле мали, не значи дека не можеме да ги научиме додека се адолесценти.

Едноставно треба да се почне од некаде.

Дали и вие сте премногу достапни?

Автор: Брон Максабела

Извор



912

X