Да се мотивираат децата да јадат здрава храна е вистинска мака за сите родители. Но, родителите во Јапонија ја совладале умешноста за уверување на своите деца да јадат здрава храна со уживање, а не да плачат над чинијата или да ја плукаат брокулата. Еве неколку лекции од јапонските родители кои вреди да ги копирате за да ги заштедите нервите и да ги поттикнете децата да уживаат во храната.

Пуштете го детето да експериментира и да проба нови вкусови

На децата брзо им здосадува истата храна, а нивните прехранбени навики често се менуваат. Затоа е важно да пробаат нови јадења, а повеќето јапонски родители многу сериозно го сфаќаат тоа. Според зборовите на експертите, колку повеќе видови храна ќе вкуси детето, толку повеќе ќе расте неговиот интерес за храна. Кога на детето ќе му дозволите да проба различни јадења, го развивате неговиот вкус и тоа станува склоно кон пробување нови јадења.

Оставете го детето да ужива во јадењето

Една од причините зошто децата развиваат одбивност кон храната е постојаното присилување да јадат нешто што не сакаат. Воведете повремени задоволства за детето. Родителите би требало да избегнуваат да бидат премногу строги во поглед на здравата исхрана. Децата треба да се натераат да уживаат во своите оброци, а вклучувањето мали задоволства може да ги поттикне да им се радуваат.

Сервирајте храна во помали чинии

Логиката е едноставна – кога храната е сервирана во помали чинии, детето нема да биде исплашено од големината на порцијата.

Јадете заедно како семејство

Јапонските родители секогаш седнуваат на маса со децата. Редовните заеднички оброци и пуштањето на детето да учествува во процесот на готвење може да го поттикнат да покаже повеќе интерес за она што ќе го јаде. Поставете образец на здраво, вкусно готвење и пријатни промени како пример за своите деца.

Многу скокајте и трчајте

Луѓето во Јапонија преферираат возење со велосипед или брза прошетка. Така ги поттикнуваат и децата на физичка активноста, како трчање и скокање. А знаеме дека телесната активност е важна кога е во прашање поттикнувањето на здравиот апетит. Наместо да го оставите детето со часови да игра видеоигри, изведете го на прошетка или во парк, играјте криенка и слично.

Извор



912

X