Со покажувањето емпатија ги чувствуваме и разбираме туѓите емоции, создавајќи подлабоки врски со луѓето околу нас. Емпатичните луѓе можат да го препознаат нашето расположение, да се поврзат со нашите тешкотии и со задоволство ги слушаат нашите проблеми. Покрај тоа, советничката за брак и семејство Тина Феј тврди дека емпатичните луѓе често имале одредени искуства во детството кои им помогнале да развијат емпатија. Таа издвоила неколку од нив:

Изложеност на разлики

Основата на емпатијата е изложеноста на различни видови луѓе и перспективи. Без разлика дали преку соседите, семејните пријатели, патувањата или културните настани, децата учат дека светот е полн со луѓе кои имаат свои уникатни приказни.

-Преку овие искуства, од прва рака, децата учат да ги ценат разликите наместо да се плашат од нив – изјавила Феј.

Доживување тешкотии

Семејното опкружување со љубов може да поттикне емпатија, но понекогаш спротивното искуство може да го даде истиот резултат. Децата што чувствуваат болка можат да ја разберат и кај другите. Затоа, наместо да ја претворат таа болка во нешто негативно, тие одлучуваат да станат грижливи луѓе полни со љубов.

Грижа за домашни миленици

Од хранење и проштеки, до едноставно поминување време заедно, децата учат да се грижат за друго суштество кога во домот имаат домашно милениче.

-Оваа врска рано ги учи на емоционална интелигенција и одговорност. Не се работи само за тоа дали миленикот има храна и вода, туку се работи и за препознавање на неговото однесување, разбирање на неговите потреби и грижата за друг живот, воопшто – тврди Феј.

Вклучување во тимски активности

-Тимската работа не е само победа во игри или постигнување цели, тоа е забрзан курс за разбирање на луѓето – објаснила Феј.

Таа тврди дека учеството во тимска работа ги прави децата свесни дека секој член од тимот е различен, но еднакво важен.

-Секој има своја улога и придонес, но и скриена битка што можеби ја води – вели таа.

Значи, сето ова им помага на децата да развијат емпатија.

Извор



912

X