Имајќи ги предвид здравствените придобивки од доењето и за мајката и за бебето, не е чудо што мајките се посветени на доењето на бебето. Според Американската академија за педијатрија, важно е мајката да го дои бебето една година или подолго. Како и да е, за навистина да се реализира тоа, потребни се поддршка и подготовки, особено во оние моменти кога сте одвоени од вашето бебе. Можеби ќе сакате да излезете со сопружникот или треба да бидете подолго време отсутни – на пример, на работа?

Експертите за доење велат дека е можно да се одржи континуитетот на доењето и да се осигурите дека бебето добро се храни секогаш кога ќе се разделите. Следните чекори можат да ви помогнат во тоа:

Изградете мрежа за поддршка

Со цел времето за раздвојување да биде добро за вас и за вашето бебе, ќе ви треба голема помош од сопругот, пријателите, семејството, негувател и можеби консултант за доење или лекар. Дури и за мајките за кои доењето е најприродна работа во светот и кои немаат тешкотии, може да им биде голем предизвик да продолжат со оваа практика кога ќе се вратат на работа. Затоа е важно да се информирате и да научите сè што можете за доењето. Постојат различни работилници и училишта за родители кои можат да бидат извор на сигурен совет и информации. Пребарај список со групи за поддршка на доење во локалната болница, гинеколошка канцеларија или кај бабица.

Набавете добра пумпа за градите

Добрата пумпа за градите е многу важна. Најдобро би било ако можете да најдете таква што ги измолзува и двете гради во исто време. Новите пумпи се електрични или на батерии, тивки се и се направени од безбедна пластика. Обично се со адаптер и чанта.

Запознајте го вашето бебе со шишенцето со мајчино млеко на возраст од 2. до 4. недела

Под услов бебето да го совлада доењето и да може да го повлече млекото, советниците за доење препорачуваат воведување на шишенцето на возраст од 2. до 4. недела. Мајката треба да се погрижи бебето да го прифаќа шишето. Иако повеќето бебиња немаат проблеми со шишенце, ако вашето има, обидете се да го нахраните со чаша или лажица.

Манипулирајте со своите резерви на млеко

Загрижени сте дека немате доволно млеко за да измолзите? Повеќето жени не разбираат дека имаат избор во врска со производството на млеко и можат да го зголемат или намалат. Имено, ако дојката е премногу полна со млеко, тоа му кажува на телото дека производството на млеко се забавува. Од друга страна, ако градите се исцедат, тогаш се сигнализира телото да го зголеми производството. Важно е да се знае дека ова нема никаква врска со големината на градите. Тоа е индивидуална работа – секоја жена мора да разбере колку често треба да се измолзува и да дои за да го одржува производството на млеко.

Почнете да го измолзувате млекото пред првото раздвојување од бебето, така што ќе имате резерви за оние моменти кога ќе излезете. Обидете се да имате резерви за две до три недели пред да се вратите на работа.

Чувајте го мајчиното млеко на безбеден начин

Направете резерви во фрижидер користејќи торби или шишиња само за мајчино млеко. Мајчиното млеко може да се чува во фрижидер до осум дена, а во замрзнувач до 12 месеци. Означете го датумот кога е замрзнато, а стоплете го со потопување во студена или топла вода. Одмрзнатото млеко треба да се користи во рок од 24 часа за да не се расипе. Исто така, треба да се има предвид дека содржината на витамините се намалува со текот на времето.

Комуницирајте со личноста на која ѝ го оставате бебето на чување

Без разлика дали го оставате бебето со баба или дадилка додека работите, одвојте време да разговарате за тоа како ќе се храни вашето дете додека не сте дома. Објаснете дека експертите препорачуваат бебето да се храни според побарувачката, а не според распоредот, како и дека давањето шише не е единствениот начин да се смири бебето кога е нервозно. Разговарајте за други техники на смирување. Замолете го лицето што го чува бебето да води евиденција за тоа колку и кога се храни. Ако детето сака млеко на крајот од денот, оставете го да добие помала доза, па кога ќе се вратите дома, можете да го доите.

Јадете и пијте доволно течности

Додека доите и се измолзувате, треба да додадете само околу 400 до 500 калории дополнителна храна во бременоста. Целта е тоа да бидат добро избалансирани оброци од месо, грав, зеленчук, овошје, житарки и млечни производи. Пијте вода, сок, млеко или супа во текот на денот.

Стимулирајте го млекото со помош на трикови

Не е секогаш лесно да се измолзувате кога сте заглавени во канцеларија подалеку од вашето бебе. Можете да користите трик – да гледате фотографија или видео од вашето бебе и да ги масирате градите и да користите топла покривка. Ако правите паузи на работа за пумпање млеко, можете да донесете бебешко ќебе. Вдишувањето на неговиот мирис може да ви помогне да измолзете млеко кога не сте блиску до вашето дете.

Избегнувајте стресни ситуации

Одвојувањето од бебето, дури и за кратко време, може да биде стресно. Мајките што се враќаат на работа првпат откако дојат доживуваат голем стрес, па дури и се откажуваат од доењето. Затоа, важно е да се консултирате со работодавецот за тоа како да го направите работното место посоодветно за измолзување (потребни ви се паузи, како и интимно место, а тоа да не е тоалетот).

Исто така, секогаш кога чувствувате дека сте под преголем стрес – обидете се да се смирите и да се опуштите. Сè ќе биде многу поедноставно и полесно.

Извор



912

X