Се сеќавам на животот без интернет, барем во траги. Патетичарите ќе речат дека тогаш растеле поздрави деца, поздрави љубовни врски и поздрави женски тела. Немирни како и секогаш, ќе речам дека децата секогаш биле еднакво болни, мажите секогаш еднакво лажеле, а жените секогаш биле оптоварени со изгледот, па гледале во списанијата или пријателките кога не постоел „Инстаграм“.

Интернетот ми го збогати животот, а имам кариера благодарение на интернетот. Навистина мислам дека тоа е еден од најголемите изуми на човечкиот род и дека во многу нешта го спаси светот. Така и ќе остане, додека му припаѓам на малцинството кое успева да ги филтрира информациите и немам дете што треба да се вакцинира.

Кога во човекот ќе се исклучи филтерот за информации и не разликува научни факти од „лаење“ на „Јутјуб“, тогаш настанува вистински хаос.

Теориите на заговор досега умееја добро да ме насмеат, но по една година читајќи будалштини во групи кои се занимаваат со Земјата е рамна, 5Г-мрежи, непостојна корона, вакцини и труење на животот, станувам очајна и тажна. Се предозирав со будалштини и веќе со денови сум навистина тажна и загрижена за светот во кој живеам. Масата од таквите групи, а ги нема малку, туку стотици илјади во регионот, ги мразат новинарите, лекарите и науката. Секој ден се сè помногубројни, сè погласни и имаат сè полуди дезинформации. Го прифатиле ние тоа или не, кај нас расте цела една генерација на мајки кои децата ги лекуваат со совети од антиваксери, протоколи, магични напивки, избелувачи и слично.

Доаѓа цела една генерација на мајки кои од очај и беспомошност повеќе не сакаат да слушаат лекари, туку Хелена од „Фејсбук“.

Доаѓа цела една генерација на млади мајки кои не знаат да напишат ниту една хемиска реакција, но знаат што има во вакцина. Дали за време на наставата по хемија „виселе“ на интернет или во кафуле, сосема е сеедно.

Незнаењето некогаш било благослов за оној што го носи. Затоа христијаните велат – блажени се сиромашните во духот, нивно е кралството небесно. Колку помалку знаеш, помалку анализираш, помалку се сомневаш. Денес незнаењето се шири како пандемија. Со незнаењето денес се гордее. Незнењето денес го компензира знаењето кое се прескокнало во средно образование, кога соученичката од класот која денес е лекарка, сметала хемиски реакции, а денешната антиваксерка си ги средувала ноктите. Благодарение на интернетот, антиваксерката конечно има своја екипа која се сомнева во сè, освен во „Јутјуб“ и „Фејсбук“. Лекарите, ако ја прашувате неа – лажат секогаш, а „Фејсбук“ никогаш. Ако ја прашувате неа, од нас заработува фармацевтската индустрија, само ако вакцината е во прашање.

Се надевам дека до крајот на денот ќе престанам да се нервирам поради масата која верува во тоа дека Земјата е рамна, отров во пломбите што предизвикуваат аутизам…. И се надевам дека до крајот на оваа година ќе користам помалку интернет и ќе поседувам повеќе незнаење за своите познајници кои ги гледам во групи каде што Пернар лекува аутистични деца. Дека до крајот на денот ќе сфатам – блажени се сиромасите без интернет, нивно е царството небесно.

Автор: Марина Радош

Извор



912

X