Имаме инфлација на одлични ученици, нарушени односи меѓу училиштето и семејството, ученици без соодветни знаења и способности, погрешна поставеност на вредностите. Парадигмите во образованието не се менуваат лесно, но не е невозможно, тоа го покажаа многуте примери од скандинавското образование, па и од други држави низ светот
Слушам две мајки на клупа во парк како дискутираат за образовниот систем:
– Ама ти велам, најголем проблем се наставниците, скроз се неспособни, ништо не ги учат нашите деца – вели едната.
– Се сеќаваш пред три години кога нашиве деца беа седмо одделение и наставничката по математика си замина на боледување. – Да, прекрасна наставничка, сите имаа добри оценки на тестовите, ама потоа дојде една…
– Против неа сите се побунивме, се сеќаваш, а за што, дека им ги намали оценките на сите. А се сеќаваш ли и колку повеќе работеше, сите ги оставаше на дополнителна настава и таа остануваше по часовите да им дообјасни.
– Да, ама пак сите имаа слаби оценки, им ги намали на сите…
– Така е, и за брзо директорот, поради нашите реакции, ја смени, нели? А сега, во средно, што имаат нашите деца по математика? Мојот одвај двојка вади, а твојот?
Почнува да пелтечи нешто неразбирливо и го врти муабетот.
Разбирањето меѓу семејствата и училиштето сè повеќе се сведува на ниво: ако му ставаат петки на детето, во ред е, но ако не му ставаат, нешто не е во ред со тој наставник, програмата е обемна, многу се бара за дете на таа возраст
Пред некој ден една наставничка низ солзи ми раскажува што ѝ се случило: директорката ѝ рекла дека ќе ја казни, во присуство на родител, затоа што кажувала нешто што не треба на часот, а проблемот е всушност во тоа што „не сакала“ да му пише петка на детето. Ми се правдаше таа наставничка дека ништо лошо и настрана не кажала, никогаш досега не навредила дете, ама навистина детето ништо не знаело, одвај тројка му ставила.
Една моја колешка ми раскажуваше дека ја повикала наставничката по биологија на ќерка ѝ за да ѝ се „правда“ зошто не можела да ѝ пише петка, покажувала тестови, евиденција од одговарање. – Одвај успеав да ја убедам дека всушност не треба да ѝ стави петка, туку она што го заслужува според знаењето, ми вели колешката.
Безбројни се ваквите случаи, секоја приказна има најмалку две страни, секој ја брани својата. А вистината – веројатно е некаде на средина. Но, во секој случај проблемот го имаме: инфлација на одлични ученици, нарушени односи меѓу училиштето и семејството, ученици без соодветни знаења и способности, погрешна поставеност на вредностите.
До каде и до кога со оваа огромна бројка на одлични ученици? Дел од нив секако ќе се намалат во средно училиште, но и таму бројот на одлични е исто така голем. Како сето ова потоа продолжува, секако дел од нив одат и на факултети, се вработуваат, стануваат родители, нивните деца учат, и тие мора да бидат одлични…
Она што најмногу пречи е недостигот на емпатија, скромност, љубезност, помагање на послабите. Ова, за жал, секојдневно го гледаме кај учениците, но и кај возрасните, а не помага ниту советодавна работа ниту работилниците што ги спроведуваме
Секоја генерација родители сè повеќе прифаќаат образец на однесување кој е многу поинаков од претходно и тоа е во ред, времињата се менуваат, но кога се однесува за нивната инволвираност во образованието на нивните деца, не сум сигурна дека добро се постапува. Разбирањето меѓу семејствата и училиштето сè повеќе се сведува на ниво: ако му ставаат петки на детето, во ред е, но ако не му ставаат, нешто не е во ред со тој наставник, програмата е обемна, многу се бара за дете на таа возраст.
Како резултат на сето ова, учениците излегуваат со сè помалку знаења и способности (за тоа имаме и конкретни докази од меѓународните тестирања), а решенијата ги бараме предолго.
Вредностите како да се поставени погрешно, и во семејството, а ако сакаме да бидеме реални, и во училиштата. Она што најмногу пречи е недостигот на емпатија, скромност, љубезност, помагање на послабите. Ова, за жал, секојдневно го гледаме кај учениците, но и кај возрасните, а не помага ниту советодавна работа ниту работилниците што ги спроведуваме. Веројатно треба да побараме други пристапи.
Секоја генерација родители сè повеќе прифаќаат образец на однесување кој е многу поинаков од претходно и тоа е во ред, времињата се менуваат, но кога се однесува за нивната инволвираност во образованието на нивните деца, не сум сигурна дека добро се постапува
Парадигмите во образованието не се менуваат лесно, но не е и невозможно, тоа го покажаа многуте примери од скандинавското образование, па и од други држави низ светот. И се покажа успешен хуманиот пристап во образованието и воспитувањето – децата стануваат поподготвени за светот во кој ќе живеат. Исто така, се покажа успешен и пристапот без бројчени оценки во текот на основното образование, а од друга страна, реално насочување на ученикот согласно неговите знаења и способности.
Политиките на државата не треба водат само кон тоа да се добиваат подобри оценки: одличен за да се запише каде што сака во средно (бидејќи таму бодовите се дадени), одличен за да се запише на факултет (бодовите се согласно постигнатиот успех), а најново – успех од факултет за да се вработи. Зошто ова ми изгледа погрешно, дали затоа што навистина е или нешто е погрешно практикувано. И дали навистина е сè во оценките? Сме се прашале ли дали има нешто и во способностите што ги поседува тоа дете, во неговиот карактер, однесување кон себе и кон другите.
912