Летото пристигна, што значи дека семејствата ќе ја бараат секоја можност за да отидат на плажа за освежување. Колку и да е забавно, останувањето покрај вода може да биде опасно, особено за децата кои сè уште не се доволно искусни пливачи.

Според „Тудеј“ и „Гардијан“, Германското здружение за спасители на вода издало предупредување до родителите дека ако поминуваат премногу време на мобилните телефони додека нивните деца се во вода, тоа може да доведе до фатален исход.

Внимателноста и организацијата на родителите може многу да помогне во спречувањето несреќа

Тие наведуваат дека ваквото родителско однесување го забележуваат како сѐ поголем проблем. Велат дека е важно родителите, бабите и дедовците, како и сите други возрасни што се грижат за децата во близина на вода, да ги остават своите телефони настрана. Тие уверуваат дека ништо на телефонот не вреди за несреќата што може да се случи.

Давењето е нешто што треба да се сфати сериозно, а тоа може да се случи многу побрзо отколку што мислат луѓето


Д-р Мери Бет Моран истакнува дека многу родители не сфаќаат оти само неколку секунди се доволни за детето да се нурне во водата и да не успее да излезе над површината. Експертите велат дека е пожелно да бидат присутни и двајцата родители, а еден секогаш да биде дежурен набљудувач. Ако еден од родителите треба да се оддалечи за да телефонира или да оди во тоалет, на пример, тој мора да го предупреди другиот родител. Мала организација и претпазливост може да направи многу за безбедноста на децата.

Извор



912

X