При одвикнувањето на детето од пелени и преминувањето на нокшир, треба да се земе предвид дека најчесто се случува во втората година од животот на детето. Дополнително, девојчињата обично ја совладуваат оваа „уметност“ порано, па момчињата постари од три години може да имаат тешкотии да се навикнат на неа. Рокот до кој детето треба да престане да носи пелени, според повеќето психолози, е четвртата година.

Летото е идеално време кога родителите треба да почнат да ги поттикнуваат децата да се ослободат од пелените затоа што тогаш носат помалку облека и е полесно да се преслечат, како и поради помалата можност за настинки или воспаление на уринарниот тракт. Строгите методи и принудата, всушност, го одложуваат процесот на одвикнување од пелени.

Објаснете

Првиот чекор во одвикнувањето е да му се објасни на детето функцијата на тоалетот, како и што се „прави“ таму. Исто така, вклучете го детето во целиот процес, за по пресоблекувањето да му дадете да ја фрли пелената в ѓубре. Потоа, измијте ги рацете и покажете му го нокширот, односно дека тоа е местото каде што отсега ќе врши нужда. Не кријте ја содржината на пелената од детето. Така ќе сфати дека она што е „бљак“ не е пожелно ниту во пелена, односно да остане на кожата.

Брзо пресоблекување

Откако бебето ќе уринира во пелена, реагирајте навреме за детето да не се навикне на чувството на влажна и иритирана кожа. Ако тоа се случи, одвикнувањето ќе биде многу потешко, а одложувањето на менувањето не треба да се користи ниту како метод на одвикнување, бидејќи тоа ќе има контраефект.

Мали трикови

Користете ја волјата на детето да го имитира она што го прават возрасните и покажете му како да оди на нокшир. Не ставајте го детето на нокшир доколку нема потреба, туку следете ги неговите навики и изрази на лицето при мокрењето. Кај малите деца тоа најчесто се случува по обилен оброк, па време е за на нокшир.

Многу трпение

Немојте да претпоставувате дека детето целосно се одвикнало од пелените затоа што неколку пати успеало да изврши нужда на нокширот. Бидете трпеливи бидејќи е нормално да има епизоди на назадување.

Автор: Анамарија Дукши

Извор



912

X