Ниту еден родител не ужива во дисциплинирањето на детето, тоа најчесто не е забавен процес, полн е со викање и обострана нервоза. Неодамна беше објавена книгата на познатата американска авторка Линдзи Пауерс, која веќе во насловот на својата книга „Не можете да ги за****е вашите деца“ порачува дека нема „погрешен пат“, а во книгата објаснува како би требало да се соочат различните типови родители со воспитувањето.
Ова е извадок од книгата во која Пауерс пишува за воведување дисциплина и препорачува да ја прикажете помалку како нешто страшно, а повеќе како пожелно и проакативно однесување:
„Дисциплината обично значи казна, но тоа би требало да се промени, рекол основачот на родителскиот центар на Јејл и професор по психологија и детска психијатрија д-р Алан Е. Каџин. Тој работел со агресивни и асоцијални деца и со нивните семејства кои, поради состојбата на децата, секојдневно се соочувале со низа проблеми. Неговите методи се едноставни – и ништо посебно не ви треба за да ги пробате.
Намерно разлутете го детето
Тој прво им вели на родителите да си го постават прашањето: „Кои се трите или четирите особини што сакам да ги стекнат децата ? (Ако сте во брак или имате партнер, би требало таа вежба заедно да ја правите). На пример, како да се одгледа детето за да биде чесно? Пред сè, треба да разјасниме што е за нас „чесност“. Потоа треба да обрнеме внимание на конкретни ситуации во кои нашето дете е чесно. Кога ќе видиме таков пример, треба на детето тоа да му се укаже – тоа веднаш кај него ќе поттикне такво однесување и ќе ја развива таа особина како што ќе расте.
Каџин напоменува дека нема тоа секогаш да успее, па предлага намерно да го разлутите детето: кога сте сите дома и сте смирени, кажете му дека нешто не може да го прави бидејќи вие му забранувате и тоа да биде нешто што вообичаено не му го одземате. На пример – не можеш да гледаш ТВ, па почекајте детето да се разлути. Потоа насмевнете се (насмевката е важна за да покажете дека се работи за игра).
Важно е родителите, според Каџин, да направат три работи. Прво: јасно и гласно да го пофалат детето. Тоа беше одлично! Се налути, а сепак не ја удри мама. Второ – треба да направат нешто невербално, на пример, тапкање по рамото или давање поени за тоа. Каџин раскажува како на своите синови им ги стиска рамената во знак на одобрување. И трето, повторно детето да го пофалите и да му кажете нешто како: Тоа беше одлично. Се обложувам дека не можеш така контролирано да се налутиш двапати по ред, ниту еден петгодишник не го може тоа двапати по ред. Така ќе му ја продлабочите желбата да го повтори тоа.
Каџин напоменува дека оваа игра може да се игра и со дете на една и пол година. Тој вели дека оваа игра престанува или значително се намалува зачестеноста во рок од една до три недели, во кои ќе ја играте повремено, на секои два дена. Потоа децата сами почнуваат да се фалат дека не се однесуваат лудо кога ќе се вознемират.
„Она што се случува во играта може трајно да ги обликува“, вели Каџин. Кога ќе се случи тој момент, кога детето ќе сфати дека тоа е нормално однесување и ќе почне самото да го истакнува, кажете нешто како на пример: Овој пат дури и не игравме, беше вистински! Браво, тоа беше фантастично! Набрзо, играњето лутина само ќе изумре, а однесувањето на детето веќе нема да биде проблем, вели Каџин.
„Тоа го правев илјадници пати, а се работи за покажување намери, одредено однесување и последици кои детето ќе ги искуси“, заклучува тој.
Мораме да се прашаме како да ги пофалиме децата кога ќе направат нешто добро? Претходно се воздржував да не речам нешто додека мирно играа бидејќи се плашев дека тоа ќе му стави крај на мојот краток одмор од бришење задници и носеви. Но, сега им велам нешто како „Сите заедно играте многу добро. Толку сум горда на вас“. И ова функционира! Баш минатиот викенд на Еверет Ото му ја дадов најдрагата играчка, а тој со неа ја подели својата ужина. Склони сме на тоа да ги пуштаме децата на мир и да не реагираме кога прават нешто добро бидејќи тоа се подразбира, вели Каџин, што всушност има спротивно влијание од одобрувањето или пофалбата. Им пружаме внимание кога прават нешто лошо, а тоа не го добиваат кога прават нешто добро: со тоа само поттикнуваме лошо однесување (бидејќи го сакаат нашето внимание) и ги поткопуваме нашите обиди за казнување во тој процес.
Автор: Тајана Папарела
Извор