Потхранетите деца може да имаат и вишок и недостиг на килограми

Денес децата често многу јадат, но за жал, многу од нив не се хранат квалитетно. Многу родители се горди на „добрата исхранетост“ на своите деца, подразбирајќи под тоа поголем број килограми. Но, лекарите предупредуваат дека тие добро исхранети деца или оние со вишок килограми не мора да бидат и добро исхранети. Сосема спротивно, многу од нив се – потхранети.

Значи, потхранетите деца не мора да бидат исклучително слаби деца. Впрочем, лекарите откриле дека некои деца со вишок килограми всушност гладуваат.

Што е потхранетост?

Потхрането е „нешто лошо“, „премалку“, „недоволно“. Премалку нутритиенти, недостиг на енергија и минерали кои се од витална важност за организмот се смета за потхранетост. Тој недостиг настанува кога во храната што ја јадат децата недостигаат хранливи материи.

Потхранетоста може да настане како резултат на недоволна исхрана или преобилна исхрана, а и двете состојби се еднакво опасни за телото. Можат да се јават разни здравствени проблеми, а понекогаш исходот може да биде и фатален. Не е чудно како симптом да се појави и пад на имунитетот, што предизвикува и подложност на разни заболувања.
Потхранетоста сѐ почесто се јавува и во облик на дебелина, кога телото прима премногу храна која нутритивно е преслаба и пресиромашна. Тоа најчесто е брза храна, популарно наречена и „junk food“, полна со масти, шеќери и празни калории. Дебелината или вишокот килограми всушност се симптом на многу болести поврзани со исхраната. Тоа може да бидат болести на срцето, дијабетес тип 2 и болести на зглобовите.

Консумацијата на здрава и урамнотежена исхрана им помага на децата да растат здраво, како физички така и ментално. Но, што е всушност вистинска храна?
Ако детето секој ден јаде иста храна (здрава или нездрава), постои опасност од потхранетост бидејќи од неа не добива доволно разновидни нутритиенти што му се потребни.

Потхранетоста може да ја контролирате од мали нозе. Следете ја тежината на вашето дете. Ако детето е во границите, обрнете внимание и на тоа што јаде, а не само на тоа колку јаде. Ако вашето дете треба да изгуби тежина, имајте на ум дека можеби не мора количински да јаде помалку, туку само да внесува „правилна“ храна во себе.
Ако пак детето губи тежина, значи дека мора да му обезбедите храна богата со нутриенти.

 



912

X