Децата го окупираат нашиот дом, кој до неодамна беше беспрекорно чист и уреден, а сега има играчки расфрлани насекаде, дамки од храна и деца кои трчаат наоколу и се бркаат.

Децата ни го окупираат слободното време. Кога имате деца, приоритетите и обврските во текот на денот изгледаат сосема поинаку од порано. Сега вашето слободно време од обврски и работни места стана нивно време, а мајчинството само по себе е работа со полно работно време, 24/7.

Децата ги окупираат нашите мисли. Сега секоја мисла е поврзана со нив, како и секоја одлука. Што и да е, секогаш се прашуваме – „како тоа ќе влијае врз моите деца?“

Децата ни ги окупираат деновите. Ние правиме сѐ за нив. Ние правиме сѐ поради нив. Перење и сушење алишта, готвење и приготвување оброци за секого, дизајнирање дневни активности, возење до и од училиште, капење, читање, заспивање.

Децата ја окупираат нашата иднина. Сега сакаме светот да биде подобро место бидејќи тоа ќе биде свет во кој ќе растат нашите деца и нивните деца. Повеќе се грижиме за тоа како се чувствуваме отколку за тоа како изгледаме. Сакаме нашите деца да се гледаат себеси онака како што ние ги гледаме.

Децата ни ги окупираат срцата. Не ни знаевме колку се големи нашите срца додека тие не беа присутни во нашите животи, а сега нашите срца се исполнети со бескрајна количина на љубов кон нив.

Децата ги менуваат животите на начин кој ни беше незамислив – додека тоа не ни се случи.

А потоа, еден ден, нè напуштаат.

Полека стануваат независни, возрасни. Стануваат луѓе кои спијат цел ден и излегуваат со пријателите. Навечер.

Сè помалку ги гледаме.

Наскоро сфаќаме дека најкраткиот дел од родителството заврши – кога им требаме секој ден, дома и секаде.

Но, вистината е дека тие ни ги окупираат куќата и целиот наш живот.
И потоа нè напуштаат.
Иако никогаш нема да бидеме исти,
затоа што нè направија подобри.

Автор: Аманда Олеандер
Извор



912

X