Пред некој ден, во разговор за воспитување и живот по развод, наидов на соговорник кој беше прилично вознемирен и зачуден што на мојата моментална ситуација гледам мирно, без борба и сожалување. Личноста што ми ги изнесуваше аргументите „како би требало да биде“, ме потсети на помладата верзија од мене, онаа што постоеше пред речиси 4 години. Ме потсети на родителите кои сакаат едноставен и нормален живот (кој е само во нивната глава) по секоја цена. Па и по цена на детето. Порано пишував за отуѓување на детето од родителите, што е всушност емоционална злоупотреба на детето поради неисполнетите очекувања на родителот кој е повреден. Отуѓувањето во стручната литература се споменува во контекст на развод. Но, често сретнувам родители на кои, независно од разводот, детето им служи како спас, утеха или оружје за обид за промена на другиот родител.

Родителите често го носат своето дете на експерти за нешто да „поправат“. Често забораваме дека родителите се првата и примарна околност за детето. Со тоа, тие се и многу важна околност за нормален целокупен развој на детето. Од она што ние, како родители, сме го учеле во текот на животот и врз основа на искуствата што сме ги стекнале, создаваме идеи за своето дете: за начинот на кој се однесува, облекува, учи, со кого се дружи, која храна ја јаде, колку помага дома, во што верува… Кога работите ни „излегуваат од контрола“, односно кога детето не се однесува баш како што сме замислиле, тргнуваме во обид на докажување и исправување или, пак, за себе мислиме дека не сме успеале и дека сме немоќни. Тогаш, понекогаш, посегнуваме по споменатите експерти, а не гледаме дека проблемот сме всушност ние самите и нашите неисполнети идеи.

Така, кога ќе ни се случат непријатни и болни искуства, детето ни станува виновникот, средство за утеха или манипулација. Од тоа произлегува дека не знаеме што би можеле уште да направиме за детето поразлично да се однесува, се чувствуваме беспомошни во настојувањето за докажување на правилното, да веруваме дека не сме успеале во својата родителска улога или, пак, од друга страна, настојуваме да го промениме поранешниот партнер на начин на кој споменуваме дека на детето му е тешко и ќе му биде лошо ако другиот родител не се промени (повторно според нашата идеја).

Детето ни станува тешител кога на животот гледаме како на брановито море или тежок пат, кога сме осамени и кога единствено мислиме дека имаме добар однос со детето.

Често таквите размислувања звучат како „Го имам единствено моето дете“, „Останавме само јас и ти“, „Барем ти ме разбираш“, „Што ќе правам кога ќе одиш“ и слично. Децата не се продукт на нашето одгледување или наш проект како што не се ни во улога на оние што треба да нѐ тешат кога ни е тешко или во улога на оние што ни кажуваат што би требало да направиме. Не се во улога на наши спасители, ниту слуги. Кога ќе посегнете по нив како по сламка за спас, запрашајте се што е она што ви недостига. Во која област од животот сте незадоволни? Го градите ли или го кршите својот однос со детето?

Детето не е во улога на задоволување на потребите на родителите.

Возрасните се оние што имаат повеќе животно искуство, но тоа знаење не значи нужно и поседување клучни животни вештини како контрола на емоции, асертивност, разбирање на детското и сопственото однесување, ментален увид и слично. Децата кои ги учиме да нѐ поддржуваат (бидејќи веруваме дека сме немоќни), понекогаш во иднина се придржуваат до сите други наместо до себе. Пронаоѓаат смисла во служењето наместо во сопственото задоволство. Посегнуваат по своите сламки за спас наместо да го изберат сопственото задоволство над другите, погодните места за среќа и развој. Се обидуваат да ги задоволат туѓите идеи и да ги заздрават раните, чувствувајќи постојано празнина бидејќи во тоа не успеваат.

Тука не се работи за правилно и лошо, како што ниту одгледувањето на детето не е услов за однесувањето на детето во иднина. Но, кога следниот пат ќе се загрижиме за неповолното однесување на детето или ќе посегнеме по утеха, да се потсетиме што би можеле најпрво ние самите да решиме и да гледаме на децата како на способни, самостојни личности кои можат да научат како да ги одбираат среќата и задоволството.

Автор: Сара Новак

Извор



912

X