Јадењето храна по употреба на средство за дезинфекција на рацете резултира со висока концентрација на биоактивен бисфенол А (БПA) во серумот и урината и повеќе од доволно е човек да се замисли. Ценетиот нутриционист Ненад Братковиќ од Хрватска укажал на тоа дека со пандемијата се променил и пристапот кон нашето здравје. Имено, напишал едукативна објава на таа тема:
– Светот се промени со коронавирусот, па така и контекстот на нашето здравје. До неодамна ја удиравме главата со теми за штетноста од консумацијата на риба, ракчиња и школки, кои во себе акумулираат микропластика од морињата. Но, откако илјадници тони пластични маски се најдоа на нашите носеви, а белодробниот систем инхалира пластика, изгледа дека залудно сме се занимавале со тие бесмислени теми. Колку пластика има сега во екосистемите – вели Братковиќ, кој 20 години се занимава со нутриционизам.
– Со години предупредувавме на различни ендокринолошки нарушувачи, како бисфенолот А од амбалажите, храната, облеката…Па купувавме стаклени шишиња… но што ќе покажат новите податоци од токсиколошките студии (ако некогаш се спроведат)? Што е со ендокринолошките нарушители кои влегле во нашите органски системи преку – шприц шприц – дезинфициенси по рацете?

Но, она со кое би требало да се занимаваат токсиколозите, дерматолозите, експертите за козметика, експертите од јавното здравје, онколозите и другите лекари се: силните ендокринолошки нарушители во средствата за дезинфекција (оикрај етанол), а кои се додаваат во некои/многу препарати. Прскајте ги рацете при секое влегување во секоја продавница, секој простор, дезинфицирајте ги рацете ако јадете во автомобил, надвор… правете го тоа секојпат, со секакви средства на кои не им го знаеме составот, па правете го тоа редовно на детето кое потоа зема кекси, печиво, лажица… и така индиректно внесува од рацете агенс во дигестивниот систем и циркулацијата… и повторете го тоа Х пати. Каков е тој кумулативен токсиколошки ефект – прашува експертот.
– Не најдов слична студија, па предлагам малку да се размисли: јадењето храна по употреба на средство за дезинфекција на рацете резултира со висока концентрација на биоактивен бисфенол А во серумот и урината. Миењето на рацете со средства за дезинфекција по, на пример, примање сметка во продавница за брза храна овозможува подобра липофилност и трансдермален премин на бисфенол А во циркулацијата – напишал нутриционистот.
Се разбира, со ова свое излагање нутриционистот Братковиќ дефинитивно не мислел дека треба да се запостави хигиената на рацете, туку дека треба добро да се размисли како и со кои средства ја одржуваме хигиената.