Воспитувањето деца е голема авантура. Барем за мене. Самата се тестирам. Своето расудување. Својата способност да му го овозможам она што треба на оној што има потреба. Да проценам што е неопходно, а што не е. Да не попуштам пред слатките погледи на крупните очи полни со надеж и пред најубавите насмевки на светот.

Некој да ми кажуваше…
Дека со мојот сопруг и со моите деца ќе живеам овде, во изолирано мало место каде што сепак сѐ е достапно и кое е полно со срце и душа, мало место со големи луѓе… Јас?! Ама ајде… Секоја чест и на местото и на луѓето, но овде го подвлекувам она „со мојот сопруг и со моите деца“. Никогаш, никогаш не се осмелував ни да замислам дека некогаш би имала свое семејство… А сега го живеам тој свој најлуд сон.
Воспитувањето деца е голема авантура. Барем за мене. Самата се тестирам. Своето расудување. Својата способност да му го овозможам она што треба на оној што има потреба. Да проценам што е неопходно, а што не е. Да не попуштам пред слатките погледи на крупните очи полни со надеж и пред најубавите насмевки на светот. Да ги исполнам надежта и соништата на овие мали луѓе што во мене го гледаат сиот свој свет, да ги научам како да бидат луѓе… Тоа е тешка работа и голем предизвик.

Секој ден да дојдеш до прагот на кој те чекаат нивните испружени рачиња и насмеани лица, кога по 12-часовниот работен ден доаѓам „мртва уморна“, а тие го чекаат својот ред во моите прегратки… Никаков замор ни што било друго слично не може да се испречи на патот на кратките мигови на галење пред повторно да дојде време пак да се придвижам, да зготвам вечера, да сменам пелени… Како робот. Некогаш имам чувство дека сѐ оди како по часовник: во толку часот малечката се поттргнува од мене, до толку часот вечерата мора да биде ставена на шпоретот, за толку време постарата ќе побара малку гушкање, итн.

Сепак, во сето тоа имам среќа оние кратки моменти на мир да не ги поминувам размислувајќи за лековите, температурата, терапиите… Сладок ми е тој замор од постојаното барање внимание и туркање за моите прегратки. Кога ми е најтешко, се потсетувам на она „не требаше да преживеам“. А јас живеам, и го имам она за кое многумина сонуваат. Среќна сум, најсреќна на светот!
А потоа, кога ќе почне натпреварот за место во мојата прегратка, станувам како сообраќаен полицаец:

„Ти, малечко, дојди тука, десно. А ти, голема, тука, лево во скутот. Тебе ќе те милувам по главата, а сестричката… Малку ќе ја скокотнам за да го чујам најслаткото смеење на светот кое и мене ќе ми измами насмевка.“

Луѓе мои, ми станува полесно. И јас од срце се смеам кога ќе ги чујам. Потоа постарата зема некаков инструмент и седнува покрај мене. Ме замолува да ѝ помогнам да свири и целата среќна ја зема мојата „болна“ рака и со неа почнува да чука по клавишите. Ѝ велам дека не можам да свирам, а таа ми одговара:
„Што? Па, нема врска, мамо, јас ќе го правам тоа“, и продолжува со чукањето.

Куќата е во креативен неред, ѕидовите се исчкртани. Што да правам кога имам двајца мали сликари. Веќе го чистевме и го бојадисувавме, но кога постарата рече: „Супер, види колку се чисти ѕидовите, сега имам многу простор за цртање!“, сфативме дека е подобро да почекаме да им помине Пикасо-фазата пред да направиме што било. А потоа постарата ќе посака да ја види својата баба која живее во друг град, и вели: „Побарај ја, мамо, кажи ѝ дека сега смее да дојде, не шарам веќе по ѕидовите!“

Еве, пред некој ден, кога слушна дека ќе оди на вакцинација, зеде хартија и боички и на „тетката каде што ќе оди“, како што ја нарече медицинската сестра, ѝ нацрта цртеж: лекар и медицинска сестра се оние капчињата со црвен крст. И цела горда го напиша своето име и презиме под цртежот. Мислев дека ќе ми рече да го тргнам или да го фрлам тоа, но не:

„Мамо, еве, стави го во џебот, па ќе го земам кога ќе одам кај таа тетка за да ѝ го дадам“.

Немав друг излез освен да го ставам цртежот во џебот и да чекам на вакцинацијата за да може да ѝ го даде на „тетката“.
А другата? Малиот шериф веќе се однесува како тинејџерка. Ако случајно нешто не ѝ одговара, ќе ги преклопи рацете на градите, ќе намести налутен израз на лицето и кратко ќе каже: „Нејќам!“ И драги мои, нема ни преговори ни мрдање додека не ѝ го изнесам планот кој е сличен на оној што си го замислила. А уште нема ни две години.

Автор: Марина Крешо-Мариќ

 



912

X