Бибиверзум

Да изработиме музички инструменти

Музиката е една од најстарите уметности, се применува во секојдневната работа, како и во слободното време. Музика е уметност во која со помош на тонови човекот ги изразува своите емоции, мисли, желби и доживувања.
Свирењето на детски музички инструменти претставува посебно омилено подрачје на дечињата. Со музичките инструменти децата можат да импровизираат ритми, да придружуваат изучени песни што ги пеат, да погодуваат и пребаруваат по слух познати мелодии или да свират лесни и познати песни.

Детските музички инструменти во музичката литература се сретнуваат и под името Орфови инструменти. Името го добиле по германскиот композитор и музички педагог Карл Орф. Детските (Орфови) музички инструменти се создадени со поедноставување на некои музички инструменти од симфонискиот оркестар и од народните инструменти.

Детски музички инструменти се: тапан, дајре, стапчиња, тропалки, кастанети, чинели, триангл, ѕвончиња, тимпани, блок-флејта.

Ајде сега заедно да изработиме некој инструмент, а потоа да си ја испееме омилената песничка од „Светот на Биби“ во придружба на изработениот инструмент.

Нека почне забавата

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top