Игротека

„Да бидеме искрени – родителите не се справуваат најдобро со оваа криза“

Колумна на Клои Куни за scarymommy.com

– Ми се плаче – ѝ реков на сопругата во петокот наутро.

Штотуку завршив со повикот од работа и размислував за тоа што треба да правам следно, додавајќи на листата работи што не ми се завршени. Во меѓувреме мојата сопруга работи на неколку задачи од работа додека се обидува и да му биде наставник на нашиот син – иако тој одби да учествува во ова. Наместо тоа, тој удобно се смести на каучот одбивајќи да прави што било – од боење, до читање, одење надвор, разговор со неговиот наставник. Седи во тишина и темнина или гледа на неговиот ајпад.

– Дали перманентно го уништуваме и психички го оштетуваме? – ме праша мојата сопруга.

И двајцата се чувствуваме виновни поради работата што не ја извршуваме и боли начинот на кој се бори нашиот син и сме му потребни да бидеме присутни и смирени. Но, тоа е она што го забранува нашиот тековен распоред, бидејќи се растрчуваме помеѓу повиците од работа, барањата и родителството.

Ова е навистина тешко.

Неверојатно е колку е конзистентна оваа борба кај сите родители со кои разговарам. Текстовите и постовите на социјалните медиуми се чести. Чувствуваме како да не успеваме во ништо. Нашите деца глумат, ги напуштаат рутините што веќе ги стекнале, не спијат, прават помалку работи. Им дозволуваме да седат долго време пред екран, нешто што сме сметале дека никогаш нема да го толерираме. Заборавете на успехот во учењето во домашни услови – повеќето од нас се борат да ги натераат децата да направат основни работи што обично би ги правеле во сабота наутро пред пандемијата.

Борбата најмногу ја отсликува најпривилегираната перспектива – таа на двајца возрасни со полно работно време, кои го делат товарот и немаат страв дека ќе го изгубат работното место. Со други зборови, не ми е страв дека нема да успеам да го нахранам моето семејство – загрижен сум затоа што син ми не сака да јаде ништо освен крофни.

Вирусите или во овој случај глобалната пандемија ја изложува и влошува постојната динамика на едно општество – добра и лоша. Тие се како забавно домашно огледало, грубо одразувајќи нè нас. Една од тие динамики е товарот што го ставаме на индивидуалните родители и семејства. Бараме од поединци да ги решат системските проблеми.

Постои суптилно очекување дека родителите мора да најдат креативни начини сами да се справат со ова. Мојот инбокс, социјалните медиуми и веб-пребарувачите се полни со креативни идеи за едукација и грижа за децата. Работни тетратки, игри, креативни проекти и експерименти, виртуелна јога, виртуелно цртање, виртуелни посети во зоолошка.

Искрено, премногу сум уморен за да читам предлози, а камоли да ги испробам. И оние што ги пробав, безуспешно – беа жестоко отфрлени од син ми.

Ги гледам „корисните предлози“ со потсетници да бидеме внимателни со себе. „Прифатете ја несоврешноста!“, „Намалете ги стандардите!“ Да бидам јасен – стандардите на моето семејство во овој момент се да го истуркам денот, идеално со мојот син кој ќе прави што било освен гледање телевизија и нецелосно саботирање на нашата работа.

Она што недостига во сите родителски текстови и фејсбук-групи е дека оваа состојба е фундаментално лоша. И индвидуалните решенија не функционираат и нема да функционираат.

Мислев дека по четвртата недела социјално дистанцирање сите ќе се навикнеме на новата норма. Но, за моето семејство тоа не е случај – работите стануваат потешки отколку што беа на почеток. Потешки затоа што сите сме анксиозни, под стрес и тажни. Мојата листа со работи што треба да ги завршам е подолга и воопшто немам ништо допрено; мојата вина и анксиозност поради начините на кои мојот син воопшто не се ангажира се уште поголеми; неговата очигледна тага за промената на светот се зголемува како што тој редовно изведува, а нашата колективна исцрпеност за продлабочува.

Ова не може да се реши со измени во распоредот, со корисни рутини и виртуелни активности. Мораме колективно да признаеме и да сфатиме дека родителите и сите старатели во моментот се помалку продуктивни на работа.

Да бидам јасен, родителите не се справуваат добро со оваа ситуација.

Сите тажат и се борат. Кога не си ја кубам косата, се обидувам да бидам благодарен што сум со моето семејство, што се здрави и безбедни и што не го доживувам овој период во целосна изолација. Но, оваа пандемија ги истакнува работите што не се во ред со нашите системи поставени за поддршка на семејствата.

„Функционирањето“ важи само за оние што имаат најголема привилегија.

Ова изложува сè – од недостигот на породилно боледување и боледување, до фактот дека училишниот ден завршува во 15 часот кога типичниот работен ден трае неколку часа подолго. И не кажува ништо за нашата потреба за универзална здравствена заштита, без оглед на работното место. Родителите трошат огромна енергија во решавање на проблемите на системите што воопшто не функционираат.

Отсекогаш било фарса да мислите за грижа и семејни одговорности како „лични животни одлуки“ што ги извршувате надвор од работното време. Во првата година од почнувањето на син ми во градинка, со месеци не работев целосно работно време. Сепак, ова го криеме и се обидуваме да ја направиме ситуацијата да функционира.

Оваа сегашна состојба е речиси пророчки дизајнирана да ја покаже фарсата на нашиот општествен пристап кон одделување на работата и семејниот живот. Од нас се очекува да работиме од дома со полно работно време. И да се грижиме за децата со полно работно време. А никој однадвор не може да ни помогне. Ова не може да функционира и сите ние страдаме од илузијата дека функционира.

Нашите деца губат – од мирот, од образованието, од ангажманите, од социјализацијата за која се создадени.

Губат и нашите работодавци. Без оглед дали работите со полно работно време или флексибилно – работата е далеку од квалитетна.

Да бидам искрен, не сум сигурен кое е решението. Но, ако не направиме чекор назад и не редефинираме каде лежи товарот на одговорноста во обезбедувањето грижа за нашите најранливи, ќе излеземе од оваа пандемија неподготвени за задачата за обновување на иднината.

А во меѓувреме, запомнете го ова: родителите не се справуваат добро со оваа ситуација.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top