Здравје

Бесплатно овошје за децата од Нов Зеланд

Неколку пакети бесплатно овошје им се доделуваат на училиштата од северните краеви на Нов Зеланд, кои се соочуваат со недостиг на храна.

Идејата е на една мајка од Нов Зеланд, Даниела Досон, која одлучила да доставува неколку пакети овошје до училиштата откако забележала дека децата доаѓаат на училиште без да носат храна со себе.

Овој проект е наречен „Децата јадат свежо“, а преку него се донираат 180 килограми мандарини и се доставуваат во основните училишта во Керикери и во Оромахое.

„Во нашата околина имаме огромно количество овошје кое не можеме да го извезуваме или продаваме, а сакаме да го искористиме“, вели Досон.

„Пред сè, затоа што сè уште постојат деца кои не можат да си дозволат пристојна храна на училиште, па си помислив зошто да не им донираме овошје“, додава таа.

Досон исто така коментира дека Министерството за здравство е надлежно за храната што се конзумира во училиштата, но сепак, таа е недоволна.

И покрај тоа што сезоната на мандарини е завршена, таа одлучно го започна овој процес со цел децата да имаат поквалитетна храна за јадење, а воедно и да ги мотивира другите да им донираат на училиштата што се соочуваат со недостиг на храна.

 

 

 

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top