Наташа Маџевска, воспитувач во „Бибиверзум“, подготви текст со главните јунаци од „Светот на Биби“, преку кој децата учат за водата. Дијалогот може да го кажуваат родител и дете, две или повеќе деца…
Биби: Здраво, дечиња. Денеска ќе си играме и ќе учиме за водата.
Боби: Водата е течност без боја, вкус и мирис. Таа е многу потребна за животот на луѓето, растенијата и животните.
Биби: За што ни е потребна водата? Водата ни е потребна за пиење, перење, бањање, готвење…
Боби: Да ве прашам, другарчиња. Што чувствувате кога подолго време не сте се напиле течност? Ожеднувате. А колку би можеле да издржите без вода? 48 часа, но не правете го овој експеримент. Доколку човекот не пие вода, неговото телото ќе дехидрира.
Биби: Да ви кажам. Загадувањето на водата е штетно за нас и за другиот жив свет. Од загадената вода дрвјата се сушат, а ние ќе се разболиме. Колкумина од вас виделе загаден поток, река, езеро, море, мрсни нафтени дамки што можат да предизвикаат вистинска еколошка катастрофа.
Боби: Јас пак со прашање. Дали би се напиле нечиста вода од вир, поток, отстоена вода во кофа..? Еве другарчиња ќе ви кажам. Доколку се напиете нечиста вода, опасните и отровните материи ќе навлезат во нашиот организам и може да ве разболат.
ПОУКА:
– Земјата без вода би била пустина.
– На секој човек му е потребен најмалку половина литар вода дневно.
– Загадената вода е опасна за здравјето на човекот.
912